Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе престојува во работна посета на Брисел.
Вести
-
Македонија 07.12.2015 08:36
-
Македонија 05.12.2015 15:23
До крајот на годината готови Детската клиника во Козле и ПЕТ центарот
Во областа на здравството се завршуваат два крупни и многу значајни проекти. Станува збор за Детската болница во Козле, инвестиција вредна 7 милиони евра. Премиерот Никола Груевски изјави дека многу брзо, оваа болница ќе биде пуштена во употреба.
-
Економија 05.12.2015 15:20
Груевски: Две нови инвестиции до крајот на годината, можен влез на уште една
Две нови странски инвестиции кои треба да се реализираат до крајот на овој месец најави денеска премиерот Никола Груевски.
Со овие инвестиции се очекува да се отворат најмалку 500 работни места.
-
Економија 04.12.2015 17:56
„Киро Ќучук“ ќе се рестартира
Ремонт во „Киро Ќучук“. 30- тина работници веќе неколку дена работат на оспособување на производствениот процес. Засега тие се доволни за да го спроведат планот за рестартирање кој го има новиот сопственик „Еуро Брик Компани“.
-
Економија 04.12.2015 17:39
Мерките за вработување во интерес и на невработените и на компаниите
Статистиката покажува дека во третиот квартал стопанските субјекти имале 7.155 слободни работни места.
-
Свет 04.12.2015 17:21
Германија се вклучува во борбите против ИД
Германија се вклучува во коалицијата што војува против Исламска Држава во Сирија. Пратениците во Бундестагот со огромно мнозинство изгласаа – торнадо авиони во разузнавачки мисии, поморска фрегата и 1.200 војници ќе бидат пратени во регионот, но нема да учествуваат во воените операции.
-
Македонија 04.12.2015 17:09
Шенгенот на тест, Брисел размислува за двегодишна суспензија
Времето веќе не е сојузник на Европа, изјави европскиот комесар за миграција, кој доаѓа од Грција, земјата во која како низ швајцарско сирење кон Европа, без ограничување, се упатија над половина милион мигранти за 6 месеци.
-
Македонија 04.12.2015 17:01
Волонтерите од Мировниот корпус почнуваат со службата
Лора Дешер живееше во македонско семејство. Таа е дел од групата волонтери кои во идните две години ќе работат на повеќе проекти во земјава. По давањето на свечената заклетва пред амбасадорот Бејли, групата волонтери ќе ја почне службата.
-
Македонија 04.12.2015 16:50
Петерле: Мигрантската криза покажа колку е важно Македонија да биде интегрирана
Потребно е динамизирање на евроинтегративниот процес на Македонија. Статус кво ситуацијата се уверивме дека не носи добри резултати - став на европратеникот Алојз Петерле по завршувањето на Мешовитиот парламентарен комитет во Скопје.
-
Македонија 04.12.2015 16:39
Нов компјутерски томограф на Неврологија, в година ново намалување на цените на лековите
Во март и октомври идната година ќе има ново намалување на цените на лековите. Премиерот Груевски вели дека ваквиот тренд продолжува. Досега цените беа намалувани осум пати.










