Во Кривичниот суд во Скопје денеска почна судењето на 29-темина обвинети за тероризам во инцидентите од деветти и десетти мај во кумановската населба „Тоде Мендол“.
Вести
-
Македонија 07.12.2015 13:10
-
Свет 07.12.2015 11:28
Опозициската коалиција победи на изборите во Венецуела
Опозициската коалиција за демократско единство победи на парламентарните избори во Венецуела, соопшти Државната изборна комисија. Во парламент опозицијата ќе има 99 места, а единствената Социјалистичка партија на Венецуела - 46 места.
-
Македонија 07.12.2015 11:15
МВР: За 24 часа издадени 4.501 потврди за азил
Во изминативе 24 часа МВР издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 4.501 странски државјани, од кои 1.966 се од машки пол, 889 се од женски, 1.297 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 349 деца кои патуваат без р
-
Македонија 07.12.2015 11:05
Лекарите по спортска медицина предлагаат воведување на „Рецепт за вежбање за здравје“
Физичката активност е половина здравје, но без превентивните прегледи и адекватна терапија место лек може да биде отров за организмот.
-
Свет 07.12.2015 10:42
Обама: Ќе ја уништиме ИД
Нападот во Сан Берннардино, при што 14-мина загинаа е терористички акт, но САД ќе ја надмине заканата од тероризмот, изјави американскиот претседател Обама, при што додаде дека владата морда да ги засили контролите и мерките, потенцијалните напаѓачи тешко да доаѓаат до оружје.
-
Македонија 07.12.2015 10:16
Состојба на патишта: Магла и видливост до 50 метри
Внимавајте при возењето поради намалена видливост до 50 метри, магла е забележана на патиштата кај Крива Паланка, Куманово, Тетово, Попова Шапка, Битола, Штип, Страцин и Кула.
На останатите патни правци видливоста е од 100 до 150 метри.
-
Економија 07.12.2015 10:10
Пониски цени на зелените пазари во споредба со лани
Во ноември, на зелените пазари имало богата понуда на сезонско овошје и зеленчук. Најмногу имало јаболка од сите сорти, јапонски јаболка, круши, калинки и цитрусни плодови.
-
Македонија 07.12.2015 10:06
„Ало докторе“: Над 1.200 повици за една седмица
Над 1.200 повици се регистрирани во изминативе седум дена на бесплатната линија за медицински совети „Ало докторе“.
-
Македонија 07.12.2015 09:59
Обвинетите за настаните во кумановската „Дива населба“ пред суд
Во Кривичниот суд во Скопје денеска почнува судењето на 29-темина обвинети за тероризам во инцидентите од деветти и десетти мај во кумановската населба „Тоде Мендол“, позната и како „Дива Населба“.
-
Економија 07.12.2015 08:39
Поради електронска надоградба, шалтерите на Катастарот денеска и утре нема да работат
Електронскиот шалтер, шалтерите во Центарот за катастар на недвижности во Скопје, како и одделенијата за катастар на недвижности низ Македонија денеска и утре нема да примаат барања и да издаваат податоци.










