Вести

  • Свет 24.11.2015 13:31

    Фрлена бомба врз полициска станица во Босна, сомнеж за терористички напад

    Ноќеска, во полициската станица во местото Завидовиќи во средиштето на Босна е фрлена експлозивна направа. Полицијата се сомнева на терористички напад.

    Истрагата за случајот ја презема обвинителството на Босна и Херцеговина кое има исклучиво овластување за терористички дејствија.

  • Култура 24.11.2015 13:26

    Филмот „До балчак“ вечер ќе се прикаже во Советот на Европа во Стразбур

    Во киносалата на Советот на Европа во Стразбур вечер ќе биде прикажан филмот „До балчак“ на режисерот Столе Попов, во рамки на одбележувањето на јубилејот 20 години од пристапувањето на Република Македонија кон Советот на Европа.

  • Свет 24.11.2015 13:17

    Зголемена безбедност пред самитот Брдо- Бриони

    Хрватска презема посебни мерки за безбедност за самитот на регионалната иницијатива Брдо-Бриони. Дел од гостите ќе бидат потпретседателот на САД, Џозеф Бајден и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, регионални и европски лидери.

  • Економија 24.11.2015 13:06

    Груевски: Македонија е отворена за кинески инвестиции

    Македонија е заинтересирана за кинеските средства за инфраструктурни проекти. Земјите од Централна и од Источна Европа на заедничка маса со кинескиот државен врв. Во фокусот, иницијативите за соработка и финансирање во конкретни проекти и забрзан економски развој.

  • Македонија 24.11.2015 12:54

    За 24 часа издадени потврди за азил на 1.814 странски државјани

    Во изминативе 24 часа  издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.814 странски државјани, од кои 938 се од машки пол, 333 се од женски, 412 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 131 деца кои патуваат без род

  • Свет 24.11.2015 12:49

    Зголемени безбедносни мерки во Стразбур

    Засилените безбедносни мерки се видливи и властите од Стразбур прават се за да животот продолжи и понатаму колку што е можно во вакви услови, а истовремено завршуваат и подготовките за Божиќните и новогодишните празнувања.

  • Свет 24.11.2015 12:37

    Руски воен авион се урна на турско- сириската граница, го урнала турската армија

    Руски борбен авион Су-24 е леталото што беше соборено на турско-сириската граница. Двата пилоти успеале да се катапултираат и во моментов руски хеликоптер трага по нив. Според некои медиуми, едниот е заробен од туркменистанските бунтовници.

  • Свет 24.11.2015 11:40

    Француската полиција го испитува пронајдениот елек- бомба

    Француската полиција го испитува елекот-бомба најден на улица во Париз, 11 дена по нападите во кои загинаа 130 луѓе. Наводно, личел на елеците што ги користеле напаѓачите, а го нашле улични чистачи во предградие низ кое се верува дека поминале по нападот.

  • Економија 24.11.2015 10:52

    Бизнис делегација на ССК во Кина на 5-тиот Економскo трговски форум

    Делегација на бизнисмени, предводени од претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, учествуваат на 5-тиот Економскo - Трговски Форум на Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) кој се одржува во Суџоу, Кина.

  • Свет 24.11.2015 10:49

    Соборен авион близу до границата со Сирија

    Турски борбени авиони наводно собориле неидентификувано воено летало близу до границата со Сирија.

    Отвориле оган врз него по предупредување дека го нарушува турскиот воздушен простор. Не е позната судбината на екипажот, ниту на која земја и припаѓа леталото.

Pages