Голема координирана меѓународна акција во повеќе европски држави. Италијанската полиција соопшти дека се уапсени седумнаесетмина кои се сомничат дека биле дел од меѓународна терористичка група и планирале терористички напади во повеќе земји.
Вести
-
Свет 12.11.2015 18:01
-
Македонија 12.11.2015 17:55
20 години постоење на Центарот за податоци и информации на ЕУ
„Европската унија како глобален актер во екологијата“ - прва награда за темата на студентката Сара Симоновска од Економскиот факултет. Наградата ја доби на конкурсот за одбележување на 20 години од постоењето на Центарот за податоци и информации на високобразовната институција.
-
Економија 12.11.2015 17:42
Богов: Солиден раст на економијата
Главни причини за ревизија на проекцијата според Централната банка се полошите изгледи во надворешното окружување, послабиот глобален раст, влошената коњуктура, особено кај пазарот на метали и повисоката незивесност во домашната економија.
-
Македонија 12.11.2015 16:55
Бранот мигранти не запира, само денеска се очекуваат над 10 илјади
Секојдневно по три илјади мигранти чекаат да влезат во Македонија. Уште толку со автобуси стигнуваат на Грчко-македонската граница. Од Министерството за внатрешни работи велат дека се уште нема конкретен одговор од официјална Атина за менаџирање на состојбата како што бара Брисел.
-
Економија 12.11.2015 16:37
„Ван Хул“ и „Технохозе“ ќе градат нови објекти во Македонија
Производителот на автобуси „Ван Хул“ и италијанската компанија „Технохозе“, кои имаат изградено свои капацитети во Македонија планираат проширување, односно градба на нови објекти, што значи и отворање нови работни места, најави премиерот Никола Груевски.
-
Македонија 12.11.2015 16:33
Брисел задоволен од изборот на преодната Влада
Европската комисија изрази задоволство од изборот на преодната владата во македонското Собрание, што е во согласност со Договорот од Пржино. Според Брисел, овој чекор е во насока на надминувањето на политичката криза.
-
Македонија 12.11.2015 16:21
Изградбата на автопатот Охрид – Кичево согласно утврдената динамика
Градежните активности на автопатот Охрид- Кичево се одвиваат согласно утврдената динамика. Премиерот Груевски во рамки на посетата на охридскиот регион изврши увид во изградбата на автопатот, кој во должина од 57 километри, со проектирана вредност од 374 милиони евра.
-
Македонија 12.11.2015 16:15
Груевски: Отпишани 30 милиони евра долгови на граѓаните
Отпишани се долгови во вредност од 30 милиони евра, со што е исполнето уште едно предизборно ветување, изјави денеска во Охрид премиерот Никола Груевски.
-
Свет 12.11.2015 15:15
Египет: Девет лица загинаа во експлозија на бомба
Девет членови на едно семејство загинаа, меѓунив и две деца при експлозија на автомобил бомба кој бил стациониран пред станбена зграда во близина на полициска станица на Синајскиот Полуостров.
-
Економија 12.11.2015 14:54
НБРМ го ревидираше растот на економијата на 3,2%
Македонија ќе ја заврши 2015-та со солиден раст на БДП од 3,2%, помал од очекуваниот. Главни причини за ревизијата на проекцијата според Централната банка се полошите изгледи во надворешното окружување, особено кај пазарот на метали и повисоката незивесност во домашната економија.










