Вести

  • Економија 12.11.2015 13:37

    Раст на бројот на туристите и на ноќевањата во септември

    Бројот на туристи во Македонија во септември годинава бил 79.218, а бројот на ноќевањата 184.262 што, според Државниот завод за статистика, е зголемување за 20 отсто кај туристите и 17,7 проценти кај ноќевањата во однос на септември лани.

  • Македонија 12.11.2015 13:33

    Барање за доставување статистика од Јанева до обвинителството

    Во Јавното обвинителство се пристигнати барањата од страна на Обвинителството за гонење кривични дела, кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

  • Македонија 12.11.2015 13:16

    Презентација на огласот за обука на пилоти

    Во Агенцијата за вработување се презентираа условите за учество на јавниот оглас за обука на шестатата генерација во Центарот за пилоти. Можат да се пријават млади луѓе до 28 години со завршено високо образование.

  • Македонија 12.11.2015 13:04

    Собир на здравствените работници за поддршка на повредениот хирург

    И денеска вратите на Клиниката за дигестивна хирургија останаа затворени за пациентите. До петок ќе се примаат и оперираат само итни случаи. Лекарите во знак на револт не ги извршуваат редовните работни обврски.

  • Свет 12.11.2015 12:20

    Генералниот штрајк- тест за Ципрас

    Грција застана- работниците од државниот и приватниот сектор стапија во генерален 24-часовен штрајк, прв од формирањето на владата на премиерот Ципрас во јануари.

  • Македонија 12.11.2015 12:18

    Охрид ќе добие затворен базен

    Изградбата на затворениот базен во Охрид е едно од децениските барања на жителите на Охрид кое низ годините беше тема на разни политички манипулации и шпекулации. Многумина ветуваа, многумина ќе го градеа овој базен, но реалноста е таа.

  • Свет 12.11.2015 11:55

    Самит на лидерите на ЕУ и Африка во Малта, бараат решение за мигрантите

    Дводневен самит на лидерите на 60 земји од Европската Унија и од Африка во главниот град на Малта, Ла Валета. Главна тема на средбата се економските и безбедносните проблеми кои ги предизвикуваат бегалците од Блискиот Исток и Африка.

  • Македонија 12.11.2015 11:48

    Пожар на падините на Караџица

    Пожар од изутрината беснее на падините на Караџица, над селото Дејковец во општина Зелениково. Гори мешана шума на непристапен терен, а пожарот се заканува да зафати поголема шумска површина.

  • Економија 12.11.2015 11:38

    Нови 40 милиони евра достапни за македонските компании

    Преку Регионалниот фонд за иновации на македонските старт-ап бизниси, малите и средните претпријатија, ќе им бидат достапни вкупно 40 милиони евра. Канцеларијата на фондот во Скопје од денеска официјално почнува со работа.

  • Свет 12.11.2015 11:23

    Генерален штрајк во Грција

    Грција е под блокада. Работниците од државниот и приватниот сектор стапија во генерален 24-часовен штрајк. Затворени се сите владини институции, болниците работат со минимум персонал, јавниот превоз е сведен на минимум, а железничкиот, бродскиот и авиосообраќајот се во прекин.

Pages