Во Скопје, Битола, Кичево и Тетово концентрациите на ПМ честичките и утрово се над дозволеното.
Вести
-
Македонија 11.11.2015 10:14
-
Македонија 11.11.2015 10:10
Уапсени три лица, се обиделе да внесат марихуана од Албанија
Полицијата уапси три лица кои се обиделе од Албанија да внесат марихуана во земјава. Кривичната пријава е поднесена против пет лица, од кои две се во бегство.
Полицијата во близина на Тетово при контрола на моторно возило во багажникот открила 3 килограми марихуана.
-
Свет 11.11.2015 10:05
Хамонд: Светот го чека нестабилност ако не се справи со климатските промени
Според последната анализа на Светска Банка, до 2030-та година, уште 100 милиони луѓе ќе станат сиромашни поради ефектите од климатските промени. Светската метереолошка организација соопшти дека нивото на јаглерод диоксид во 2014-та година било рекордно високо во последните 30 години.
-
Македонија 11.11.2015 09:55
Пониски цени на овошјето и зеленчукот на пазарите
Богата понуда на сезонско овошје и зеленчук на зелените пазари. Поради поголемиот род од лани, цената на јаболкото годинава е помала во просек од 6 до 8 проценти.
Најзастапената сорта, Ајдаред се продава по 27,5 денари за килограм.
-
Македонија 11.11.2015 09:51
Собраниска седница за избор на министри и заменици
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски за денеска напладне ја закажа седницата за избор на министри и заменици министри согласно договорот на последната лидерска средба.
-
Македонија 10.11.2015 16:52
Новинарската етика и медиумските слободи - клучни темели на демократијата
„Важно за секоја земја е да се обезбеди правично и избалансирано известување со кое сите политички играчи ќе имаат рамноправна положба на политичкиот пазар.
-
Економија 10.11.2015 16:47
Инвестициите- главен двигател на растот, невработеноста продолжува да опаѓа
Триесеттина од вкупно 81 –на страница од Извештајот на ЕК за напредокот на земјава се посветени на економијата. Кога се во прашање економските критериуми во документот, генерално се оценува дека Македонија има добро ниво на подготовка за развој на функционална пазарна економија.
-
Македонија 10.11.2015 16:39
Министерството за здравство и лекарската фела потпишаа Повелба за заштита на правата на лекарите
Насилство врз здравствените работници кои спасуваат човечки животи не смее да се толерира, став на Лекарската комора. Подолг временски период приоритет е донесувањето на Законот за лекари, во кој посебен акцент ќе биде ставен на заштита на нивните права и обврски.
-
Свет 10.11.2015 16:10
ЕУ непотребно потрошила 6,3 милијарди евра во 2014-та
Европската унија непотребно потрошила 6,3 милијарди евра во 2014-та, соопшти Европскиот ревизорски суд, при што го повика официјален Брисел да го скрати и адаптира буџетот во согласност со состојбата во Европа, пред се поради бранот бегалци.
-
Македонија 10.11.2015 16:07
Национална стратегија за млади 2016-2025
Младите кажаа како сакаат да изгледа нивната иднина. Проблемите и предизвиците ги преточија во национална стратегија - подобрување на наставните програми, повеќе практика, промоција на политиките за вработување, стимулирање со стипендии, креирање министерство за млади.










