Денеска во 18 часот почнува пријавувањето во американската лотарија за иселенички визи и ќе трае до 18 часот на трети ноември.
Пријавите се прифаќаат само преку официјалната интернет страница на американскиот Стејт Департмент.
Денеска во 18 часот почнува пријавувањето во американската лотарија за иселенички визи и ќе трае до 18 часот на трети ноември.
Пријавите се прифаќаат само преку официјалната интернет страница на американскиот Стејт Департмент.
Во Либија е формирана влада на национално единство, со што по долги и тешки преговори му се стави крај на повеќемесечното двовластие. Во Либија постоеја две влади – една во Триполи, која ја поддрживаа исламистите и друга, меѓународно призната, во Тобрук.
Едногодишно бебе се удави на пат кон грчкиот остров Лезбос кога потонал гумен чамец во кој патувале 56 мигранти.
Момченцето чијашто националност уште не е позната било најдено без свест во чамецот и прогласено за мртво во болница.
Од 21 часот ноќеска до 9 часот изутрината, од прифатниот камп во Гевгелија за Табановце заминале околу 3.700 мигранти. Во кампот се наоѓа нова група мигранти, чиешто евидентирање е во тек.
Земјите од ЕУ на самитот во Луксембург постигнаа договор за забрзана депортација на илегалните мигранти, како една од мерките за решавање на кризата со сириските бегалци.
Меѓу првите што ќе се враќаат се државјани на земјите од Западен Балкан, кои беа прогласени за безбедни.
Овации за македонските музичари во престижниот „Карнеги Хол“ во Њујорк. Камерниот оркестар на Македонската Филхармонија, пијанистот Дуке Бојаџиев со гостите, и за првпат Каролина Гочева во најдобро светло ја преставија македонската музика.
Сменети се условите за користење на ИПАРД средствата. Во новата ИПАРД 2 програма пари има и за производителите на житни и фуражни култури и за нови насади.
До 70 проценти поголемо ко-финансирање ќе има и за инвестиции во планинските подрачја и за млади земјоделци.
Градоначалникот на Ерусалим ги повика граѓаните што имаат дозвола да носат оружје тоа да го прават секојдневно.
Етно- политиката поважна од правните аргументи и националните интереси на Македонија. Ова е констатација на владеачката партија од каде брифираат за задкулисен договор и меѓу СДСМ и ДУИ во меѓупартиските разговори.