Германската компанија „ОДВ-Електрик“ почнува со изградба на фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга, кај Мислешево.
Со оваа инвестиција на германската компанија се очекува да се отворат околу 1.000 работни места.
Германската компанија „ОДВ-Електрик“ почнува со изградба на фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга, кај Мислешево.
Со оваа инвестиција на германската компанија се очекува да се отворат околу 1.000 работни места.
Членките на ЕУ ќе бидат присилени да се заштитат од заканите на масовната миграција додека не се заземат единствен став за проблемот, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Отворен е првиот современ дистрибутивен центар „Епл ленд“ кој ќе врши откуп и складирање на јаболка, користејќи ги најмодерните технологии. Дубајската инвестиција вредна пет милиони евра, ќе го пласира преспанското јаболко во Русија и на Блискиот исток.
Со новиот автопат од Скопје до Штип ќе се стасува за дваесетина минути. Новиот пат кој интензивно се гради, треба да биде готов во мај 2017-та. Модерната инфраструктура треба да го направи Свети Николе идна дестинација за странските инвеститори.
Нема повеќе импровизирани часови по физичко воспитување за окулу 600 основци од општините Новаци и Могилила. Училиштата „Славко Лумбарковси“ и „Гоце Делчев“ добија современи спортски сали. Вкупната инвестиција за двата спортски објекти изнесува окулу 50 милиони денари.
Владата подготвува мерки за подобрување на екстерното тестирање. Ресорното министерство изготвило неколку предлози. Со нив ќе биде надграден целиот процес, вели заменик- министерот Спиро Ристовски. Според него има простор и за други сугестии.
Наскоро може да се очекува и назначување на европски Јавен обвинител. Секако ова барем засега е само препорака од страна на Европскиот комитет за економски и социјален развој, но наскоро ќе биде и офицајлно доставено барање до Европската Комисија и Европскиот Совет.
Обилен дожд проследен со силен ветер за неполни триесет минути направи огромни штети во Куманово и Старо Негоричане. Невремето било страшно, паѓале дури и ќерамидите од куќите, сведочат жителите.
Изградба на улици, каналализација, водоводи, училишта, градинки, разна инфраструктура. На општините во земјава им се ставени на располагање пари од Светска банка за подобрување на инфраструктурата на локално ниво.