Маратонот истрчан, политичката криза решена. Четворицата лидери на најголемите политички партии во земјава со посредство на еврохомесарот Хан се договорија вонредните собраниски избори да се одржат на 24-ти април наредната година.
Вести
-
Македонија 15.07.2015 13:04
-
Економија 15.07.2015 12:28
Исплатени субвенции за млеко и отштета за поплавите во Кривогаштани
Министерството за финансии исплати 120.079.652 денари субвенции за произведено и продадено кравјо, козјо и овчо млеко.
Средствата се исплатени на 6.446 сточари. Поддршката изнесува 3,5 денари за секој произведен и продаден литар млеко.
-
Економија 15.07.2015 11:55
Проектот „Македонија Вработува“ во Претор
Агенцијата за вработување денеска во Претор ги презентира можностите и поволностите за вработување преку проектот „Македонија Вработува“. Досега вакви презентации се одржаа во повеќе градови низ државата.
-
Свет 15.07.2015 11:47
Јемен: 142 цивили убиени во последните 10 дена
Најмалку 142 цивили се убиени во последните 10 денови во Јемен, со што бројот на цивилни жртви за три месеци се искачи на 1.670. Коалициските воздушни напади и копнените борби продолжуваат и покрај примирјето што го издејствуваа Обединетите нации.
-
Свет 15.07.2015 11:20
Објавена снимка од бегството на Ел Чапо
Мексиканските власти ја објавија снимката од безбедносната камера направена моменти пред бегството на најбараниот нарко бос. На неа се гледа како чекори низ келијата пред да се упати кон тушот и да исчезне.
-
Култура 15.07.2015 11:12
Прилеп подготвен за „Пиво фест“
Прилеп е подготвен за одржувањето на 13-от фестивал „Пиво фест“ што почнува утре. На 4-те фестивалски вечери се очекуваат над 350 илјади гости од земјава и од Балканот.
-
Свет 15.07.2015 10:50
Штрајк на државниот сектор во Грција
Државниот сектор во Грција е блокиран поради 24-часовен штрајк на ниво на целата држава. Синдикатите ги повикаа демонстрантите пред парламентот, каде што до вечер мора да се усвојат реформите од договорот со Еврозоната, меѓу кои и тие за ДДВ-то и пензискиот систем.
-
Македонија 15.07.2015 10:39
Група конгресмени со повик до Џон Кери за членство на Македонија во НАТО
Американскиот конгресмен, Републиканец од Њу Џерси, Бил Паскрел како лидер на надпартиската делегација во Конгресот, испрати писмо до американскиот државен секретар Џон Кери со барање Македонија да се прими во НАТО.
-
Македонија 15.07.2015 10:29
Почна откупот на пченица
Во прилепско почнува откупот на пченицата од годинешната реколта, а мелничарите се подготвени да платат по 11 денари од килограм лебно зрно, за прва класа.
-
Македонија 15.07.2015 10:26
Ставридис: Македонија е подготвена за членство во НАТО
Македонија е подготвена за членство во НАТО и сега треба да се искористи ситуацијата во Грција за надминување на спорот со името.










