Премиерот Никола Груевски денеска во Брисел учествува на престижниот „Кран Монтана“ форум кадешто има и свое обраќање.
Вести
-
Македонија 11.06.2015 13:22
-
Македонија 11.06.2015 12:51
Околу 120 мигранти откриени во Ваксинце
Рано изутрината полицијата спроведе акција во кумановското село Ваксинце, каде што илегално престојувле голем број илегални мигранти.
Според првичните информации, откриени се околу 120 илегални мигранти, од кои триесетина биле сместени по куќи во селото.
-
Свет 11.06.2015 12:27
Непал: Најмалку 15 исчезнати во свлечиште
Најмалку 15 лица се водат за исчезнати во свлечиште предизвикано поради обилните дождови во североисточнит планински дел на Непал каде што шест села се целосно затрупани.
-
Свет 11.06.2015 12:25
Сиднеј: Меѓународна конференција за спротивставување на екстремизмот
Претставници на 27 држави од азиско-пацифичкиот регион денеска во Сиднеј ќе учествуваат на отворената Меѓународна конференција за спротивставување на екстремизмот.
-
Свет 11.06.2015 11:48
Ватикан: Путин да вложи искрени напори за мир во Украина
Поглаварот на римокатоличката црква, папата Франциск ги повика рускиот претседател Владимир Путин и другите страни вклучени во украинскиот конфликт да вложат „искрени напори“ за постигнување мир во Украина.
-
Свет 11.06.2015 11:45
Норвешка ќе прими 8.000 сириски бегалци
Норвешка се согласи да прими 8.000 сириски бегалци до крајот на 2017 година врз основа на вчера постигнатиот договор на поголемиот дел од политичките партии во земјата.
-
Економија 11.06.2015 11:23
„Стандард енд Пурс“ го намали рејтингот на Грција
Меѓународната агенција „Стандард енд Пурс“ го намали за уште еден степен кредитниот рејтинг на Грција и даде негативна перспетива зе земјата.
Според агенцијата, Грција ќе го прекине исплаќањето на својот долг оваа година, доколку не постигне спогодба со кредиторите.
-
Македонија 11.06.2015 11:22
Оглас за сертифициран градинарски расад
За се добие поквалитетно производство министерството ќе понуди земјоделско земјиште за изградба на оранжерии за сертифициран градинарски расад.
Површините се наоѓаат во Струмица, Гевгелија и во Валандово.
Новите расадници ќе имаат вкупно 12 хектари државно земјиште.
-
Македонија 11.06.2015 10:24
Опсежна полициска акција во кумановско Ваксинце
Опсежна полициска акција изутринава се спроведува во куманосвксото село Ваксинце, кадешто има голем број на мигранти од Блискиот и Средниот исток, како и од африканските земји.
-
Македонија 11.06.2015 09:42
Почнува полагањето државна матура
Од денеска до 19 јуни ќе се реализираат екстерните испити од државната матура во учебната 2014/2015 година. Државниот испитен центар соопшти дека оваа година се пријавени 17643 ученици.










