Вести
-
Македонија 12.06.2015 11:24
Запленети цигари со македонски акцизни маркички на ГП Прешево
На граничниот премин Прешево, ноќеска е спречен обид за криумчарење на 460 илјади парчиња цигари од разни брендови, во вредност од 23.000 евра. -
Македонија 12.06.2015 11:09
Се уредуваат тревните површини во општина Кисела Вода
Секторот за Месна самоуправа и соработка со невладин сектор при општина Кисела Вода, во изминатиов период превзема активности за косење на нараснатата трева и расчистување на депонии од отпад на целата територија на општината.
-
Свет 12.06.2015 11:01
Расте невработеноста во Грција
Невработеноста во Грција повторно бележи зголемување, достигнувајќи 26,6 проценти во првото тримесечје на 2015 година, во споредба со 26,1 отсто во последното тримесечје на 2014 година, објавија грчките медиуми.
-
Економија 12.06.2015 10:58
Лани изградени 3.839 објекти, најмногу во скопскиот регион
Градежните фирми лани извршиле работи во вредност од 405 милиони евра. Од нив, 141 милион евра биле инвестирани во објекти во индивидуална сопственост.
-
Македонија 12.06.2015 10:50
Општина Дебар доби сообраќајни регистарски таблички со ознака ДБ
Донесена е одлука, со која се одобрува нова ознака за сообраќајните регистарски таблички за возилата во општина Дебар.
Новата ознака ќе биде ДБ, и ќе важи и за возилата на општина Центар Жупа. Во двете општини има околу четири илјади возила.
-
Македонија 12.06.2015 10:41
Министерот Јолевски ќе учествува на Глобалниот форум „Вроцлав 2015“
Македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски ќе учествува на глобалниот форум „Вроцлав 2015“, што денеска и утре се одржува во Полска.
-
Македонија 12.06.2015 10:38
Почна склучувањето договори за субвенционирање на млади земјоделци
Платежната Агенција на 140 млади земјоделци ќе им исплати субвенции за почнување на сопствен бизнис.
Вкупната подршка е 75 милиони денари, а до 600 илјади за секој поединечно.
Услов е да имаат деловен план и да се занимаваат со земјоделство не подолго од 18 месеци.
-
Култура 11.06.2015 18:32
Почина легендарниот актер Благоја Спиркоски - Џумерко
Замина Итар Пејо од македонската театарска, телевизиска и филмска сцена. Почина Благоја Спиркоски Џумерко, еден од доајените на прилепското и македонското глумиште.
-
Македонија 11.06.2015 17:13
Вајгл: Некои политички актери немаат чувство за евро-атлантската иднина на Република Македонија
Јас сум бесен и разочаран и не сакам да давам изјава на тој начин. Ова го истакна европратеникот Иво Вајгл, кој е дел од преговорите. Не сакам да кажам дека сум разочаран со вчерашниот дијалог, туку со резултатот на развојот на настаните со дијалогот.
-
Македонија 11.06.2015 16:45
МВР: 128 мигранти се криеле во Ваксинце
Влошената безбедносна состојба во родните земји, ги натерала да избегаат. 128 мигранти од Сирија и од Ирак, по илегални премини, користејќи ја пред се грчката граница стигнале до Македонија. Во кумановско Ваксинце чекале погоден момент за да заминат во западноевропските земји.










