Тодор Костов за првпат даруваше тромбоцити - крвни плочки што им се најпотребни на тешко болните. Хуманоста му е водилка- сака да им помага на луѓето. Досега неколку пати дарувал крв.
Вести
-
Македонија 12.06.2015 16:27
-
Економија 12.06.2015 16:19
Раст на БДП од 3,2% во првиот квартал
Eкономијата во првото тримесечје годинава пораснала на 3,2%- објави државната статистика. За споредба во четвртиот квартал лани, растот изнесувал 2,7%.
Анализата покажува дека годинава најголем пораст од 9,9% е забележан во научните и административни сектори.
-
Економија 12.06.2015 15:46
Расте бројот на странски туристи
Во април Македонија ја посетиле 52.298 туристи што е зголемување за 17,6 проценти во споредба со тој месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.Ноќевањата во овој месец се зголемени за 10,3 отсто и изнесуваат 103. 727. -
Свет 12.06.2015 15:33
Штрос Кан ослободен од обвинението
Францускиот суд го ослободи од обвинение поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд и кандидат за француски претседател Доминик Штрос Кан.
Штрос Кан беше обвинет за сексуално злоставување и дека учествувал во сексуални забави.
-
Економија 12.06.2015 15:26
Раст на БДП во првиот квартал од 3,2 отсто
Во првиот квартал годинава стапката на раст на БДП изнесува 3,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. -
Свет 12.06.2015 15:08
УНЕСКО го осуди нападот на Сана во Јемен
Организацијата за заштита на културното наследство на Обединетите Нации, УНЕСКО го осуди утринскиот напад на саудиското воено воздухопловство врз Сана во Јемен во којшто речиси е уништен дел од стариот град.
-
Македонија 12.06.2015 15:01
Препорака од надлежните- почеста контрола на пациентите со дијабетес
Почеста контрола на пациентите со дијабетес, за да се спречат компликации - препорака од надлежните. За тоа неопходно е проширување на инсулинските центри, отворање нови амбуланти и вклучување повеќе доктори од целата држава.
-
Македонија 12.06.2015 14:57
Јолевски: Македонија заслужува и е целосно подготвена за членство во НАТО
Македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски учествува на Глобалниот форум „Вроцлав 2015“, што денеска и утре се одржува во Полска. Јолевски се обрати на панелот посветен на „Патот кон европа“, модериран од Марцин Заборовски, директор на полскиот Институт за меѓународни работи.
-
Македонија 12.06.2015 14:17
„Меѓаши“ го презентира извештајот за остварување на правата на децата
Првата детска амбасада „Меѓаши“ го презентира извештајот за остварување на правата на децата во земјава, подготвен од Македонската национална коалиција за првата на детето. Вклучувањето на децата Роми и децата со посебни потреби во образовниот процес останува горлив проблем.
-
Македонија 12.06.2015 14:13
ЈП Водовод воведе терминали за брзо плаќање на сметките
Од денеска граѓаните сметките за вода ќе можат да ги платат на дванаесетте нови терминали за брзо плаќање. Во наредниот период ќе се инсталираат уште 18 низ трговските центри и маркетите.










