Со комерцијален лет од Цирих, премиерот Груевски пристигнал во Рим за чествувањето на Свети Кирил и Методиј откако владиниот авион имаше дефект на враќањето од Стразбур и мораше да се приземји во Швајцарија.
Вести
-
Македонија 22.05.2015 16:44
-
Свет 22.05.2015 16:41
Конзервативната Ирска на историски референдум
Историски референдум во Ирска. Повеќе од 3 милиони гласачи денеска се изјаснуваат дали ќе ги прифатат истополовите бракови и со тоа ќе им овозможат на хомосексуалните двојки да ги легализираат своите врски со формален брак.
-
Култура 22.05.2015 16:25
Битолски актер на сцената на лондонски „Глоуб“
Битолскиот народен театар го зацврстува интернационалното реноме. По само две години од настапот на Огнен Дранговски, младот актер Николче Пројчевски е вториот што ке ја почувствува магијата на сцената на лондонскиот „Глоуб“ театар.
-
Македонија 22.05.2015 16:18
Продолжува реализацијата на проектот „Отвoрање на 66 рурални аптеки“
Жителите на Ињево во општина Радовиш добија прва аптека. Велат дека полесно ќе доаѓаат до лековите за кои досега оделе во Радовиш или соседното Конче. Бараат наскоро да добијат и амбуланта.
-
Македонија 22.05.2015 15:52
Матурантите играа „Квадрил“
Симболично поврзувајќи се со врсниците од повеќе европски земји, преку музика, танц и дружење, околу 800 матуранти од средните училишта од Скопје го одиграа танцот „Квадрил“ на звуците на штраусовата опера „Лјилјакот“.
-
Свет 22.05.2015 15:10
Милитантите на Исламска држава го зазеле последниот дел од границата меѓу Сирија и Ирак
Милитантите на таканаречената Исламска држава го зазеле и последниот дел од граничниот премин меѓу Сирија и Ирак којшто беше под контрола на сириската власт, тврди група тамошни активисти.
-
Македонија 22.05.2015 14:57
Кофи: Смена на Владата не е можна преку улица
Грчкиот национализам и нивната дволичност во преговорите во спорот за името се главната причина за застојот во македонските интеграции и за денешните политички тензии – смета експертот на американската фондација Херитиџ, Лук Кофи.
-
Македонија 22.05.2015 14:51
Пресуда за насилните демонстранти- затворска и условни казни
Горан Митановски доби десет месеци затвор откако заедно со другите насилни демонстранти на 5-ти мај годинава на протестот пред Владата агресивно ја нападна полицијата. Ваква пресуда донесе Кривичниот суд откако тој ја призна вината.
-
Македонија 22.05.2015 14:46
Метео
Викендот ќе ни донесе променливо облачно време со подолги сончеви периоди.
Утре се очекуваат слаби врнежи од дожд само во утринските часови, во текот на денот ќе преовладува претежно сончево со умерена облачност и ветровито време.
-
Македонија 22.05.2015 14:01
Детски енергетски квиз - разумно користење на енергијата од мали нозе
60 деца од 12 основни училишта се натпреваруваа со стекнатите знаења за енергетската ефикасност. Целта е наученото за разумното користење на енергијата да го пренесат на своите врсници во средините во коишто живеат.










