Стручното жири кое гласаше на генералната проба во средата и публиката преку телевоутинг во 21 земја, низ директниот пренос вчеравечер ги одбраа 10 финалисти од втората полуфинална вечер на јубилејниот 60 избор за песна на Евровизија.
Вести
-
Култура 22.05.2015 12:16
-
Економија 22.05.2015 11:33
Повисоки износи за инвестиции од ИПАРД 2 програмата
Максималниот износ кој може да се побара со ИПАРД 2 ќе биде поголем. За основни средства е 2.500.000, а минималната поддршка останува 3.000 евра.
За преработка и маркетинг еден корисник може да поднесе повеќе проекти најмногу до 4 и пол, наместо 3 милиони евра.
-
Македонија 22.05.2015 11:30
Светскиот кибернетичар Кевин Ворик - почесен професор на УКИМ
Светски познатиот научник и професор по кибернетика, д-р Кевин Ворик, од вчера, е почесен доктор на науки и на нашиот Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
-
Македонија 22.05.2015 10:52
Телата на убиените во Куманово пренесени во Приштина
Телата на деветмината косовски Албанци, припадници на вооружената криминално терористичка група, кои загинаа пред две недели во судирите со македонската полицијата во Куманово, рано изутрината околу 4 часот се пренесени во Приштина. -
Македонија 22.05.2015 09:39
Телефонската линија за медицински совети – Ало докторе досега со 36.000 повици
На телефонската линија за медицински совети „Ало докторе“, која Министерството за здравство ја воведе пред околу осум месеци, досега се регистрирани 36.000 телефонски повици од граѓани кои побарале стручни совети за различни здравствени состојби. -
Македонија 22.05.2015 09:01
МНР: Блокадите и заканите не се во духот на еврпските вредности
Блокадите, заканите за блокади и изговори не се во духот на европските вредности и не придонесуваат за стабилноста на регионот – реакција на Mинистерството за надворешни работи по изјавите на странските преставници од соседството и пошироко, што се донесуваат на Mакедонија.
-
Македонија 21.05.2015 17:50
Владиниот авион принудно слета во Цирих, сите патници се добри
Владиниот авион со кој патува делегацијата предводена од премиерот Никола Груевски враќајќи се од Стразбур, принудно слетал во Цирих. Авионот сега е во сервис во Нирнберг.
-
Македонија 21.05.2015 17:42
Почнува судењето за насилните демонстрации
Утре започнува судскиот процес против првата група демонстранти, осомничени за нападот на полицијата на протестите пред Владата на 5-ти мај. Кривичниот суд Скопје 1 го раздели предметот и за кривичното дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“.
-
Свет 21.05.2015 16:51
Разбиена меѓународна нарко група која дејсвувала во Хрватска и Република Српска
Во меѓународната полициска операција „Маска“ разбиена е нарко група што дејствувала Хрватска и во Република Српска. Неофицијално, уапсени се шест лица во Дубровник и уште 17 во Бања Лука и Требиње, меѓу кои четворица полициски службеници.
-
Свет 21.05.2015 16:49
Џихадистите на ИДИЛ го освоија древниот град Палмира
Џихадистите од ИДИЛ целосно го зазедоа древниот сириски град Палмира кој се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО.










