Пациентите се задоволни од функционирањето на Националниот систем за електронски евиденции во здравството „Мој термин“. Ова го покажаа резултатите од обемното истражување за задоволството на пациентите од функционирањето на здравствениот систем.
Вести
-
Македонија 27.05.2015 13:38
-
Македонија 27.05.2015 13:24
10,5 милиони денари проценета штета од невремето во Гевгелиско
Штетите од невремето во Гевгелиско се проценети на 10,5 милиони денари. Средствата ќе бидат исплатени на 38 физички лица, четири правни субјекти и 17 сопственици на викендици и куќи кои пријавиле поплавени имоти, земјоделските посеви и на инфраструктурните објекти.
-
Македонија 27.05.2015 13:17
Ќе се реконструираат 29 училишта
Летово започнува реконструкција на 29 училишта. Инвестицијата е тешка 186 милиони денари- најави премиерот Никола Груевски.
Во населбата Железара беше пуштено во употреба новото основно училиште „Григор Прличев“, на место на поранешните бараки кои беа стари 50 години.
-
Економија 27.05.2015 13:11
Пешевски: Континуирано се преземаат мерки за сигурно и квалитетно снабдување со енергија
Континуирано се преземаат мерки за сигурно и квалитетно снабдување со енергија според еколошки прифатливи услови и цени кои не го загрозуваат животниот стандард - став на вицепремиерот Пешевски, во обраќањето на семинарот „Прашања за енергетската транзиција и нејзините последици во Македонија“, ш
-
Македонија 27.05.2015 12:56
Билд: Потребна е стратегијата за превенција на конфликти и резолуција за Македонија
„Сега е време да почнеме сериозна работа на стратегијата за превенција на конфликти и резолуција за Македонија“- ова е пораката која Карл Билд, поранешниот шведски премиер и добар познавач на работите на Балканот, ја објави на Твитер.
-
Свет 27.05.2015 12:20
Уапсени високи функционери на ФИФА
Швајцарската полиција уапси во Цирих шест високи функционери од ФИФА. Осомничени се за перење пари и дека примале поткуп од 100 милиони долари за изнуди и измами на американскиот континент во изминатите 20 години.
-
Македонија 27.05.2015 12:07
Група мигранти откриени кај Неготино
Нова група мигранти е откриена синоќа кај Неготино, соопшти МВР. Вчера вечер околу 21 часот на локалниот пат село Дуброво- Неготино, полициски службеници кои во моментот вршеле служба забележале товарно моторно возило марка „Mерцедес“ без регистерски таблици.
-
Македонија 27.05.2015 11:59
Објавени распоредите за екстерното тестирање
Министерството за образование и наука информира дека распоредите за екстерното тестирање на учениците од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование се објавени на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk.
-
Свет 27.05.2015 11:49
Вучиќ во посета на Тирана
Силни безбедносни мерки во Тирана за денешната посета на српскиот премиер Александар Вучиќ. Блокирани се многу улици, неколку плоштади и автопатот Драч-Тирана.
-
Македонија 27.05.2015 11:45
Груевски: Не е добро со леснотија и без докази да се шпекулира
Македонија има пријатели кои и во кризно време сакаат да помогнат - вели премиерот Груевски во интервју за „Прес 24“ на прашањето за средбите со европратениците и комесарот Хан во Стразбур, каде што имаше и обраќање на самитот за Европската народна партија.










