Министерството за информатичко општество денеска ги додели првите ваучери на студентите за набавка на таблет – компјутери. Корисниците ќе можат најдоцна до 25 јуни да ги подигнат компјутерите со тастатура.
Вести
-
Македонија 20.05.2015 15:04
-
Македонија 20.05.2015 14:58
Оер: Да се даде шанса на политичкиот дијалог
Француската амбасадорка во земјава, Лоренс Оер, изјави дека има поместување и навестување за позитивен исход по разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Стразбур. Поткрепа за надминување на политичката криза се и тековните лидерски средби.
-
Македонија 20.05.2015 14:49
Метео
Утре во земјава ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Во петок попладне се очекуваат нови врнежи од дожд како и засилен јужен ветер. Какво време ќе ни донесе викендот?
-
Македонија 20.05.2015 14:28
Доделено решение на првата градинка во приватна компанија
Детски градинки во рамките на големите компании во европските земји, одамна се реалност. Фабриката „Окитекс“ е македонски пионер според овој модел.
-
Свет 20.05.2015 14:06
Канада: Уапсени 10 момчиња пред да заминат меѓу џихадистите
Ова се смета за едно од поважните апсења, по смртоносните напади минатата есен во Квебек и во Парламентот во Отава.
Сите живееле во околината на Монтреал, а некои од нив се малолетни. Засега не се дадени на суд, нема подигнато обвинение, но одземени им се пасошите.
-
Економија 20.05.2015 13:38
Бизнисот загрижен поради можното зголемување на каматните стапки
Последниве две години растат кредитите што банките им ги одобруваат на компаниите, но бизнис заедницата ја загрижува најавата на Централната банка за можно зголемување на каматните стапки, доколку набрзо не се надмине неповолната политичка состојба во земјава.
-
Свет 20.05.2015 13:33
Сивол: Западниот Балкан регрутира борци за Ирак и Сирија
Американскиот државен потсекретар Сара Сивол оцени дека Западниот Балкан регрутира странски терористички борци за боиштата во Ирак и Сирија.
Насилниот екстремизам се шири географски и никои не е имун на оваа опасност, рече потсекретарката на Безбедносната конференција во Тирана.
-
Македонија 20.05.2015 13:25
Табли за мигрантите долж пругите
Црвениот крст и високиот Комесаријат за бегалци изработија 20 табли наменети за мигрантите кои транзитираат низ земјава до Европската Унија.
Таблите со предупредувања ќе бидат поставени долж железничките пруги, во тунелите и клисурите.
-
Македонија 20.05.2015 12:58
Искрена дискусија и продолжување на средбите- заклучоци по маратонските разговори во Стразбур
Tројцата пратеници олеснувачи од Европскиот парламент (ЕП) - Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл –објавија кратко соопштение за печатот во кое се поздравува „искрената дискусија“ која во Страбург се водела изминатата ноќ, овие разговори помеѓу лидерите ќе продолжат, се вели во соопштението.
-
Македонија 20.05.2015 12:52
Девојка застрелана во стан во Гостивар
Дваесет годишна девојка, во се уште неутврдени околности била застрелана од пиштол во стан на улицата „Илинденска“ во Гостивар, информираат од СВР Тетово.










