Сончевото и многу топло време продолжува и утре, кон крајот на денот се очекува локално зголемување на облачноста, а од четврток настапува промена на времето со постепено опаѓање на температурите.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска...
Сончевото и многу топло време продолжува и утре, кон крајот на денот се очекува локално зголемување на облачноста, а од четврток настапува промена на времето со постепено опаѓање на температурите.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска...
Пораки за единство, политички дијалог и надминување на тековните предизвици. Ова биле главните барања на амбасадорите на земјите-членки на Унијата кои ги соопштиле на појадокот со вицепремиерот Бесими.
Вкупната надворешно - трговска размена во периодот јануари - март изнесува 2.482.051 илјади американски долари. Извозот изнесува 1.025.076 илјади долари, а увозот 1.456.975 илјади долари, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.Д.(22) и А.Н.(24) двајцата од Скопје поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување пари“.
Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја започнува акцијата за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот, во склоп на кампањата за поголема безбедност на ранливите групи учесници во сообраќајот на патиштата, „Мај, месец на велосипедисти“.
Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, присуствува на Меѓународниот саем за одбранбена индустрија „ИДЕФ 15“ во Истанбул, Република Турција, кој се одржува под покровителство и поддршка од Министерство за национална одбрана на Република Турција.
Земјотрес од 7,4 Рихтери го погоди јужниот брег на Папуа Гвинеа. Има извештаи за напукнати ѕидови и искинати далноводи, но нема повредени во ретко населениот регион.
Во Женева денеска почнува нов обид за оживување на мировните преговори во Сирија. На масата ќе седнат делегати на сириската влада, претставници на дел од бунтовничките групи и дипломати од регионалните сили како Турција и Иран.