Вести
-
Македонија 04.05.2015 13:06
Ограбена бензиската пумпа на Макпетрол во Ченто
Бензиската пумпа на „Макпетрол“ на улицата „Антон Попов“ во скопската населба Ченто е ограбена ноќеска од страна на две маскирани лица. -
Свет 04.05.2015 12:39
Тел Авив: Немири на протестот против бруталноста на полицијата
Протестот на неколку илјади Етиопјани од еврејско потекло во Тел Авив против расизмот и бруталноста на полицијата прерасна во големо насилство. Најмалку 24 полицајци биле повредени, а повеќе демонстранти уапсени. -
Свет 04.05.2015 12:30
Двајца убиени во затвор во Атина
Две лица се убиени, а повеќе од 20 се ранети во судир меѓу затвореници во добро чуваниот затвор Коридалос близу Атина кој почнал со кавга меѓу Пакистанци и Албанци. Осуммина од повредените се во тешка состојба.
-
Економија 04.05.2015 12:15
Горивата поскапуваат за три денари
Малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за три денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетиката. -
Македонија 04.05.2015 12:13
Нема повредени во експлозијата пред седиштето на ДУИ
Синоќа околу 22 часот засега непознати сторители фрлиле експлозивна направа во непосредна близина на седиштето на Демократската унија за интеграции во Мала Речица.
-
Македонија 04.05.2015 12:10
Родителска средба пред скопската гимназија „Јосип Броз Тито“
За подобро запознавање, и да поразговараат за бојкотот на наставата, родители на средношколци од повеќе училишта во земјава, за денеска закажаа средба пред скопската гимназија „Јосип Броз Тито“. Иницијативата е, од таканаречениот Родителски пленум за поддршка на средношколците.
-
Економија 04.05.2015 11:44
Првата група туристи од Бенелукс утре пристигнува во Охрид
Во Охрид, утре, на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, со чартер лет стигнува првата група туристи од земјите на Бенелукс. За туристите од Белгија, Холандија и од Луксембург, како и досега, со македонски обичаи ќе биде организиран соодветен пречек.
-
Култура 04.05.2015 11:39
Над 70 издавачи на Саем на книга
Книгата е вистинско богатство, пишан збор, кој ги обединува луѓето. Годинашниот Саем на книгата ги обедини сите изложувачи, така што ќе биде со најголема концентрација на книги и автори досега.
-
Свет 04.05.2015 11:35
Двајца загинати во терористички напад во Далас
Двајца мажи се убиени во престрелка со полицијата откако извршиле вооружен напад пред зградата каде што се одржувал конкурс за карикатури на пророкот Мохамед и на кој присуствувал и холандскиот десничарски политичар Герт Вилдерс.
-
Македонија 04.05.2015 11:08
Одбележување 112 години од смртта на Гоце Делчев
Денеска се навршуваат 112 години од смртта на големиот македонски револуционер гоце делчев. Во црквата „Св. Спас“ државна делегација, претставници на политичките партии, од Градот Скопје, ќе положат свежи цвеќиња.










