Нова снежна покривка во северозападна Македонија. Поради интензивните врнежи забрана за движење на тешки товарни возила има на планинските превои Стража и на регионалниот пат Маврово-Дебар.
Вести
-
Македонија 05.03.2015 13:09
-
Македонија 05.03.2015 13:05
1.000 лица ќе бидат опфатени со програмата за практикантство
Околу 1.000 нови лица до 29 годишна возраст годинава ќе бидат опфатени со програмата за практиканство што ја спроведуваат Министерството за труд и социјална работа и државната Агенција за вработување.
-
Економија 05.03.2015 12:39
Нова белгиска инвестиција во Македонија
Реномираната белгиска компанија „Slabinck NV“ е новиот инвеститор во земјава, соопшти Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. .
-
Свет 05.03.2015 12:25
Нападнат американскиот амбасадор во Сеул
Американскиот амбасадор Марк Липерта во Сеул е нападнат од непознат маж, кој со нож му нанел повреди на лицето.
За време на инцидентот мажот извикал дека Јужна и Северна Кореја треба да се обединат и потоа го извршил нападот. Полицијата веднаш го уапсила.
-
Свет 05.03.2015 12:22
ООН: Економските загуби од природните катастрофи достигнуваат 300 милијарди долари
Светските економски загуби од природните катастрофи како земјотреси, поплави и циклони, достигнуваат од 250 до 300 милијарди долари, се вели во најновиот извештај на Обединетите нации.
-
Македонија 05.03.2015 12:17
Ограбен златар од Скопје
Во Скопје на бул. „Никола Карев“, синоќа околу 18 часот од страна на неколку непознати лица извршено е разбојништво над М.Х.(51) од Скопје, сопственик на златара, при што му одзеле ташна во која имало околу 500 грама злато.
-
Економија 05.03.2015 12:09
Нова инвестиција во општина Илинден
Во општина Илинден во употреба е ставен новиот објект на царинскиот склад на компанијата Мултишпед.
-
Култура 05.03.2015 11:47
Прва премиера во Велешкиот театар годинава
„Приказните од шестиот кат“ од четврток започнуваат да се раскажуваат во Велешкиот театар. Драматизацијата и режијата е на Дејан Дамјановски, кој улога им даде скоро на сите актери.
-
Македонија 05.03.2015 11:41
Акција за порибување на Радика и Мавровско езеро
Нови 20.000 парчиња речна пастрмка пуштена се во реката Радика. Порибувањето се изврши на четири локации, а за годинава се предвидува уште една ваква акција која ќе се спроведе во текот на есента.
-
Економија 05.03.2015 11:36
Земјоделство: Исплатени најголем дел од субвенциите за 2014-та
Во февруари исплатени се поголем дел од субвенциите за земјоделското производство. 47 илјади фармери добија скоро 650 милиони денари.
Пари добија лозарите, градинарите, производителите на добиточна храна, индустриски и житни култури.









