Вести

  • Свет 04.03.2015 16:53

    Експлозија во рудник во Доњецк: Неизвесна судбината на десетици затрупани рудари

    Повеќе од 30 луѓе загинаа во експолозија на најголемиот рудник во Донбас, додека пак се уште е неизвесна судбината на повеќе десетици рудари затрупани на околу 200 метри под земјата. До сега нема никаква комуникација со нив.

  • Македонија 04.03.2015 16:49

    Груевски: Заев со изјавите самиот се разобличува

    „Целата ситуација станува смешна зашто Заев колку повеќе зборува толку повеќе се заплеткува во лагите и интригите“ - ова е заклучокот на премиерот за изјавите на лидерот на СДСМ за неколкуте негирања па потврдувања на настани поврзани со случајот „Пуч“.

  • Култура 04.03.2015 16:36

    Јубилеј: Драмски театар 50 години на „Шекспирова“

    Неколку години по разурнувачкиот земјотрес, од темелите на пеплосаното Скопје се изгради Драмскиот театар. Одтогаш, 4-ти март за актерите е празник кој вечно ќе го слават.

  • Македонија 04.03.2015 16:24

    Едукација на идните мајки за здрави поколенија

    Ненавременото одење на гинеколошки преглед пред и за време на бременоста е најчестата причина за предвремено родените бебиња- велат лекарите. Има мајки кои од забременувањето до породувањето никогаш не посетиле гинеколог. Освен сопствениот живот, го загрозиле и животот на бебето.

  • Економија 04.03.2015 16:14

    Патна инфраструктура за локален економски развој

    Развојот на патната инфраструктура е главен услов за локален економски развој и подобрување на квалитетот на живот, согласни се и општинските власти и граѓаните. Статистиката покажува дека од 2011 година до денес направени се 257.66 километри патишта на југоистокот.

  • Економија 04.03.2015 16:08

    25 милиони евра вратени во стопанството!

    Финансиска инјекција за стопанството. Се ослободуваат околу 25 милиони евра, пари кои банките може да ги пласираат во форма на кредити за компаниите.

  • Македонија 04.03.2015 15:59

    Могерини: Македонија останува високо на агендата на ЕУ

    Македонија останува високо на агендата на Европската Унија во секторот за надворешна политика и преговори за проширување – изјави денеска во Брисел шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини на заедничката прес конференција со комесарот Хан, кој потврди дека изминатиов период е во пост

  • Свет 04.03.2015 15:26

    Авион на Туркиш Ерлајнс ја промашил пистата

    Авион Ербас 330 на компанијата Туркиш Ерлајнс ја промашил пистата и слетал во поле во близина на Катманду.

    Според првичните информации лизгавата писта и маглата се причините за несреќата.

  • Свет 04.03.2015 15:22

    ИДИЛ зазеде две нафтени полиња во Либија

    Екстремистите од Исламска држава зазедоа две нафтени полиња во Либија, соопшти претставник на една од нафтените  компании. Безбедносната состојба во Либија е хаотична  по падот на Гадафи во 2011-та.

  • Македонија 04.03.2015 15:14

    Изградба на нова полициска станица во Ѓорче Петров

    Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е во обиколка на локацијата, каде што се гради новиот објект на полициската станица Ѓорче Петров.

    Објектот ќе има три ката, и корисна површина од над 3 илјади квадратни метри.

Pages