Редовно вработување за над 3.000 луѓе.
Вести
-
Македонија 10.02.2015 14:22
-
Македонија 10.02.2015 13:47
Акција за помош на поплавените од вработените во општина Гази Баба
Вработените во општина Гази Баба и подрачните одделенија на Министерствата, сместени во кругот на општината утре ќе се вклучат во хуманитарната акција за помош на жителите кои се наоѓаат во поплавените подрачја на Македонија.
-
Свет 10.02.2015 13:38
Грција воведува данок на луксуз
Во Грција ќе се плаќа данок на луксуз за вкупна вредност на имот поголема од 300 илјади евра. Според најавите, ќе се плаќа и посебен данок на промет на луксузни автомобили, јахти, авиони.
-
Економија 10.02.2015 13:25
Преку јавно наддавање државата ќе продава стотина деловни простирии
Државата ќе продава деловен простор преку јавно наддавање. Почетните цени се формирани според проценетата пазарна вредност на вкупно 101 деловна просторија.
-
Македонија 10.02.2015 13:15
Се стабилизира состојбата на повредениот во експлозијата во Богданци
Се стабилизира здравствената состојба на еден од повредените во експлозијата во Богданци кој со трисетина насто изгореници е хоспитализиран во хируршката клиника.
Според медицинскиот тим, се врши санација на опекотините за што е потребен подолг временски период.
-
Македонија 10.02.2015 13:06
Поплави: Милиони евра ќе изнесуваат штетите во земјоделството
Со милиони евра ќе се проценуваат штетите во земјоделството нанесени од поплавите во Пелагониско. Во најголемата житница во земјава, Пелагонија, водата оштети илјадници хектари со пченица засеана есента, подготвени површини за пролетна сеидба, ниви со маслена репка, сончоглед.
-
Македонија 10.02.2015 12:54
Претседателот Иванов се сретна со хрватскиот министер за одбрана
На вториот ден од работната посета на Македонија, хрватскиот министер за одбрана Анте Котромановиќ имаше средба со претседателот Ѓорге Иванов.
-
Македонија 10.02.2015 12:49
Водата се повлекува, се санираат штетите од поплавите
Се санираат штетите од поплавите. Водата се повлекува. Поради снегот на Пелистер, на готовс е механизацијата во битолско.
Се испушта вода од акумулацијата Стрежево, а се прави простор акумулацијата да прими нови количества водена маса.
-
Економија 10.02.2015 12:24
Откупот на тутун може да заврши и пред законскиот рок
Деветте компании досега откупија вкупно 16.500 тони тутун со просечна откупна цена од скоро 120 денари за килограм.
Иако на почетокот се проценуваше дека ќе има вишок на тутун од 3 до 5.000 тони, фирмите сега ги превземаат сите понудени количества.
-
Македонија 10.02.2015 10:27
Голем пожар во Велес: Една жена почина, шест лица повредени
Една жена почина, а шест лица се повредени во голем пожар кој синоќа половина час после полноќ избувна во Велес.
Според првичните информации, од засега непознати причини пожарот избувнал во семејна куќа во месноста Дворови.










