Странските дипломати се повлекуваат од Јемен. По американската, затворени се и британската и француската амбасада во Сана.
Шиитските бунтовници ги освоија главниот град и поголем дел од земјата, која е во длабока политичка криза.
Странските дипломати се повлекуваат од Јемен. По американската, затворени се и британската и француската амбасада во Сана.
Шиитските бунтовници ги освоија главниот град и поголем дел од земјата, која е во длабока политичка криза.
Маркерот со кој се обележуваа палците на граѓаните за време на гласањето се исфрла од употреба. Уставниот суд донесе едногласна одлука со која оваа законска одредба се смета за противуставна.
Водата во Штип е безбедна за пиење и престанува да важи забраната за нејзино користење.
Во Агенцијата за вработување е формиран Совет на работодавачи, кои ќе учествуваат во креирање на политиките за вработување, работни места и работна сила.
Советодавното тело ќе биде филтер на сите мерки на Агенцијата за вработување пред нивната примена на пазарот на трудот.
Подготвена сум да поднесам морална одговорност како член на Второстепената комисија на Фондот за здравство и да се повлечам од таа функција- изјави директорката на Детската клиника, доктор Аспазија Софијанова на брифингот со новинарите.
Собранието го изгласа законот за трансформација на работниот однос на околу 3 до 4 илјади хонорараци, вработени на договор на дело и волонтери во јавниот сектор.
Британската компанија од информатичко- комуникацискиот сектор „Ендава“ отвори нови канцеларии во македонската метропола. Компанијата која развива софтвери, минатата година најави првична инвестиција од над 2 милиона евра во земјава и креирање 450 работни места.
Повеќе од 200 мигранти загинаа во Средоземното море, кога потонале чамците во коишто пловеле.
„Деветмина се спасени по 4 дена поминати на море. Другите 203 ги проголтаа брановите“, соопштија од Комесаријатот за бегалци.
Познати адвокати од Велес и Скопје и нивни блиски роднини се дел од осумтемина кои СВР Велес ги осомничи за Злоупотреба на службена должност.
Комисијата за заштита од дискриминација и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) потпишаа меморандум за соработка. Заедно ќе разменуваат искуства и ќе вршат едукација за намалување на дискриминацијата во приватниот сектор.