По 30 дена притвор за сопругата на на екс- директорот на УБК Верушевски и струмичкиот функционер, а на Зоран Заев му е изречена мерка за претпазливост и одземен му е пасошот. Вакви одлуки донел судијата на претходна постапка по неколку часовниот распит во скопскиот кривичен суд.
Вести
-
Македонија 01.02.2015 18:06
-
Македонија 01.02.2015 17:47
Русија: Темелна истрага за неуспешниот обид за државен удар
За „Пуч“ во Македонија, реакција и од Министерството за надворешни работи на Русија. Во соопштението се вели –се надеваме дека ќе биде спроведена темелна истрага за неуспешниот обид за државен удар во Македонија во интерес на стабилноста и безбедноста на земјата.
-
Македонија 01.02.2015 16:44
Американска амбасада: Да се задоволат највисоките стандарди на правната држава
Писмена изјава на Американската амбасада во земјава за акцијата „Пуч“. Велат дека со загриженост го следат кривичниот случај против лидерот на опозицијата, Зоран Заев и апсењето на три други лица за наводен обид за загрозување на уставниот поредок. -
Македонија 01.02.2015 16:24
Евакуација на населението, опасност од излевање на Брегалница
Министерот за транспорт и врски и шеф на Централниот кризен штаб Миле Јанакиески повика на итна евакуција на населението кое живее покрај коритото на реката Брегалница во општините Кочани, Чешиново-Облешево и Штип. -
Македонија 01.02.2015 15:38
ЦУК: Излеани реки, непроодни локални патишта, села без струја
Поради обилните врнежи од дожд и снег што ноќеска ја зафатија Македонија има излевање на неколку реки и непроодни се повеќе локални патишта. -
Македонија 01.02.2015 14:34
Метео
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи претежно од снег особено во попладневните часови. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец.Во вторник ќе настапи преодно стабилизирање на времето. -
Македонија 01.02.2015 13:52
Листериозата во Сопот ставена под контрола
Уште 33 грла заболени се во стадото на фармерот Шериф Лимани во кумановско Сопот. Силажата што ја подготвувал самиот сточар е причината за смрта на четвртина од неговите овци. Таму се криела бактеријата. Ситуацијата е под контрола, смируваат надлежните.
-
Свет 01.02.2015 11:36
Средба Ципрас- Јункер на 4-ти февруари во Брисел
Новиот грчки премиер Алексис Ципрас на 4 февруари во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, пренесува ТАСС, повикувајќи се на соопштение на грчката Влада. -
Македонија 01.02.2015 10:47
Булеварите и улиците во Скопје проодни, фрлени 20 тони сол
Сите булевари и магистрални улици, кои се во надлежност на Градот Скопје се проодни. Ноќеска се фрлени 20 тони сол. -
Македонија 01.02.2015 10:15
Отежнат патничкиот сообраќај, забрани на некои патни правци
Врнежите од снег и дожд кои ја зафатија Македонија предизвикаа проблеми во патничкиот сообраќај, додека воздушниот сообраќај се одвива со мали задоцнувања.










