Скопјани се привикнуваат на „Безбеден град“. Се вози внимателно, но во исто време се барат и повеќе сообраќајни знаци и подобра сигнализација. И министерот Тошковски денес откри дека добил опомена, бидејќи возел еден километар на час над дозволеното. Вели, ова е доказ дека нема селективност.
Вести
-
Македонија 06.12.2025 13:23
-
Македонија 06.12.2025 13:15
Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ со стратегија за Македонија
Во Кавадарци денеска се одржува 18-от конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Се очекува реизбор на актуелниот претседател на партијата Христијан Мицкоски, кој е и единствениот кандидат за функцијата. На конгресот се очекува да биде донесена и стратегијата „Македонија 2030“.
-
Свет 06.12.2025 12:50
Напредок во разговорите за крај на војната во Украина
Украина и САД ja повикаа Русија да покаже „сериозна посветеност кон долгорочен мир“. Апелот следи по продуктивната средба во Мајами, на која како што рекоа, бил постигнат напредок во разговорите за мировниот план за ставање крај на војната.
-
Македонија 06.12.2025 12:35
Реакции по написите за мигрантски кампови во земјава
„Македонија и Косово се двете балкански земји со кои Велика Британија преговара за воспоставување центри за враќање на одбиените баратели на азил“.
-
Македонија 06.12.2025 12:08
ГП Евзони денеска повторно затворен поради штрајк на грчките земјоделци
Грчките земјоделци ги интензивираат протестите. Ги проширија блокадите со стотици трактори и друга механизација на патиштата и граничните премини, меѓу кои е и Евзони на границата со Македонија.
-
Свет 06.12.2025 11:27
Нови гранични судири меѓу пакистанските и авганистанските талибански сили
Нови смртоносни гранични судири меѓу пакистанските и авганистанските талибански сили, при што двете страни се обвинуваат меѓусебно за кршење на кревкото примирје.
Жителите го напуштија регионот Спин Болдак преку ноќ, кој се наоѓа по должината на границата што ја делат двете земји.
-
Македонија 06.12.2025 10:59
Околу илјада хектари со ориз останаа неожнеани
Обилните врнежи и поплавите во Кочанско поле го зададоа последниот удар на оризопроизводителите. Околу илјада хектари останаа неожнеани. Собраниот род во ноември е со голема влажност и слаб квалитет. Поплавите во Облешево направија штета и на нивите и во амбарите.
-
Свет 06.12.2025 10:32
Генерал Сириски: Неприфатливо е да се отстапи територија на Русија
Неприфатливо е да се отстапи територија на Русија, став на врховниот командант на вооружените сили на Украина.
-
Македонија 06.12.2025 09:56
Претседателот на Собранието Гаши учествува на Доха Форумот 2025
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска учествува на Доха Форумот 2025 што до 8 декември се одржува во Доха, Катар. Како што информираат од собраниската прес-служба, темата на овогодишниот форум е „Правдата на дело: повеќе од само ветување за напредок“.
-
Македонија 06.12.2025 09:37
Британска амбасада: Соработуваме со Северна Македонија во борбата против нерегуларната миграција
По пишувањата на дел британски медиуми дека владите на Велика Британија и на Македонија преговараат за префрлање одбиени баратели на азил од првата во втората земја, се огласи Британската амбасада во Скопје преку својот официјален профил на „Икс“.










