Полицијата го уапси 40-годишниот кавадарчанец кој завчера ги застрела сестрата на неговата сопруга и нејзините родители, дознава МРТ.
Вести
-
Македонија 11.11.2014 11:36
-
Македонија 11.11.2014 10:59
Нова рунда разговори за името утре во Њујорк
Разговорите за решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција продолжуваат утре во Њујорк, соопштија од кабинетот на посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц.
-
Свет 11.11.2014 10:45
Капетанот на потонатиот јужнокорејски фериброд осуден на 36 години затвор
Капетанот на ферибродот кој потона во април годинава при што 300 патници загинаа е прогласен за виновен и му е одредана казна затвор од 36 години, соопштија официјалните лица.
Обвинителите бараа смртна казна, но судот не го прифати предлогот.
-
Македонија 11.11.2014 10:40
Пожар уништи бараки на „Илинденска“, причините и штетата се утврдуваат
Доцна синоќа во близината на ресторанот „Имес“ на улица „Илинденска“ со пожар беа зафатени неколку бараки. Повеќе противпожарни возила и пожарникари веднаш биле упатени за гаснење на пожарот.
-
Економија 11.11.2014 10:33
Мерките за самовработување најефективни во Прилеп
27 годишниот прилепчанец Игор Мицоски ќе отвори прв Центар за рехабилитација, кинезитерапија и алтернативна медицина. Штотуку го потпиша договорот со Агенцијата за вработување.
-
Македонија 11.11.2014 10:24
Сеуште се трага по убиецот од Кавадарци
Полицијата сеуште трага по сторителот на тројното убиство во Кавадарци.
Граѓаните се во шок и со неверување коментираат како се случило 40 годишниот Тони Станоев да пука во сестрата на неговата сопруга и во нејзините родители.
-
Македонија 11.11.2014 10:16
Се отвораат вратите за извоз на македонско јагне во Кина
Потпишан Протоколот за пласман на јагнешко месо и други млечни производи на пазарот во Кина.
Без ваквиот документ трговијата во овој сектор беше невозможна, а по контролата на кинеските власти за инспекција и карантин, извозот може да почне.
-
Македонија 11.11.2014 08:36
Македонија го одбележува Денот на примирјето
По повод стогодишнината од почетокот на Првата светска војна, амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија во Македонија, денеска заедно ќе го одбележат 11 Ноември, датумот на кој во 1918 година било потпишано примирје и ставен крај на непријателствата. -
Македонија 11.11.2014 08:27
Министерот Попоски во посета на европските институции во Брисел
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе има средба со комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан. -
Свет 10.11.2014 19:42
Професор по меѓународно право ќе ја раководи истрагата за корупција во Еулекс
Високата претставничка на Европската Унија Могерини му ја довери истрагата за корупција во Еулекс на професорот за меѓународно право Жан Пол Жак. Се очекува да ги достави резултатите и препораките за 4 месеци.









