Црвениот крст и бизнис секторот на заедничка средба ги усогласуваа приоритетите за годинава. Меѓусебно ќе се координираат во исполнувањето на обврските во корист на граѓаните.
Вести
-
Македонија 16.05.2014 13:47
-
Економија 16.05.2014 13:28
Заздравувањето на економијата сеуште не се чувствува на берзата
Растот на македонската економија преку забрзаниот кредитен и депозитен раст, забавувањето на нефункционалните кредити и согледувањето на ризиците се позитивностите. Но, сеуште заздравувањето на економијата не се чувствува и на пазарот на капитал.
-
Македонија 16.05.2014 13:16
Филе го пофали напредокот на Македонија во односите со Бугарија
Канцеларијата на комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, доцна синоќа излезе со соопштение за неговата средба со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во кое посебно го пофали напредокот на нашата земја во односите со соседна Бугарија.
-
Македонија 16.05.2014 13:06
Нема опасност од поплави во Македонија
Кризниот штаб со проценка на состојбата во Македонија по полавите во регионот. Засега нема опасност од поплави бидејќи временските услови се поволни.
-
Свет 16.05.2014 13:04
Бројот на загинати во рудникот во Турција нема да надмине 302-ца
Бројот на загинати во експлозијата во рудникот за јаглен во Сома нема да надмине 302-ца, изјави турскиот министер за енергетика Јилдиз.
Тој изрази надеж дека намалувањето на нивото на јаглерод диоксид ќе го олесни евакуирањето на уште 18 рудари кои се верува дека останале во окното.
-
Македонија 16.05.2014 13:04
Лоши услови за лекување на дијабетичарите во Куманово
Околку 7.000 лица заболени од дијабетес има во кумановскиот регион, од кои 2.000 се на инсуслинска терапија.
-
Македонија 16.05.2014 12:36
Oдбележан меѓународниот ден „Револуција во исхраната“
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска присуствуваше на одбележување на меѓународниот ден „Револуција во исхраната“ во ЈДГОА „Срничка“ во Аеродром организиран од фондацијата на познатиот светски готвач Џејми Оливер.
-
Македонија 16.05.2014 12:35
Екстерно тестирање: Пријава на грешки и нејаснотии уште денес
Учениците уште денес може да ги пријавуваат грешките и нејаснотиите што ќе ги забележат во прашањата за екстерното тестирање. Сугестии и приговори може да испраќаат до Министерството за образование и до Државниот испитен центар.
-
Македонија 16.05.2014 12:33
Гостиварчанец фатен со килограм марихуана
Во акција на гостиварската полиција, при претрес во куќа откриено е околу еден килограм марихуана спакувана во ќесички. -
Македонија 16.05.2014 12:09
Регионален натпревар “Млади техничари и иноватори” во општина Кисела Вода
Денес, во ОУ Кузман Јосифовски-Питу, градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, свечено го отвори регионалниот натпревар на учениците од основните училишта “Млади техничари и иноватори” кој за прв пат се организира од Здружението на наставници по техничко образование на








