1,2 милиони евра ќе добијат 19 општини за претрпената штета од елементарни непогоди во периодот од 2010 до 2013 година.
Вести
-
Македонија 19.03.2014 14:08
-
Култура 19.03.2014 14:02
По 15 години пронајдена слика на Рембрант
Сликата „Дете со меур“ на Рембрант ,која била украдена во 1999 година од еден од француските музеи, е пронајдена вчера откако две лица се обиделе да ја препродадат, пренесува парискиот весник „Либерасион“.
-
Македонија 19.03.2014 13:46
МВР ги финализира подготовките во пресрет на изборите
Секој од претседателските кандидати има право на обезбедување за време на кампањата за престојните претседателски избори. Еден од нив веќе поднел барање, другите се интересирале за процедурата.
-
Економија 19.03.2014 13:18
Јанакиески: Голем интерес за гасификацијата на скопскиот регион
Голем број компании се заинтересирани за проектот за изградба на дистрибутивна мрежа на природен гас во Скопскиот регион. Гасоводната мрежа ќе се гради по принципот на јавно-приватно партнество, а се проценува дека ќе чини околу 100 милиони евра. -
Свет 19.03.2014 13:18
Сеуште без конкретни информации за малезискиот боинг
Дванаесетти ден без конкретни информации, што се случило со малезискиот боинг.Шпекулациите се погласни. Според последните, тајландски студенти преку веб страницата Томнод, во малезиска џунгла забележале објект сличен на авион. Но, се уште не е потврдена веродостојноста на информациите.
-
Свет 19.03.2014 13:17
Крим ќе се интегрира во Руската Федерација до 1 јануари 2015-та
Рускиот уставен суд го верификуваше потписот што претседателот Путин вчера го стави на договорот со кримските власти за анексија. Документот официјално ќе стапи во сила кога ќе го ратификуваат двата парламенти.
-
Македонија 19.03.2014 13:10
11 нови случаи на заразени од ХИВ вирусот во Македонија
За само два ипол месеци регистрирани се 11 нови случаи на заразени од ХИВ вирусот во Македонија.
Осуммина се хомосексуалци на возраст од 20 до 29 години, најмладиот е тинејџер. Тројца го добиле вирусот преку незаштитен сексуален однос со жена.
-
Култура 19.03.2014 13:02
Ликовна изложба „МОСТ“ меѓу Македонија и Турција
Втората Меѓународна Балканска ликовна изложба „МОСТ“ е отворена во Велес. Претставени се 52 сликарски дела во минијатури на 26 автори од Македонија и од Турција.
-
Економија 19.03.2014 13:00
Зелената енергија ќе нè направи енергетски независни
Инвестирањето во зелена енергија може да го извлече Балканот од енергетската зависност. Експертите од регионот посочуваат дека во Македонија има доста природни ресурси кои може да бидат искористени за создавање енергија.
-
Свет 19.03.2014 12:36
НСА може да ги снима сите телефонски повици во една земја
Американската Агенција за Национална Безбедност, НСА создала систем за следење кој може да ги снима сите телефонски повици во дадена земја.
Аналитичарите преслушувале само еден процент од повиците, пишува „Вашингтон пост“.








