За само два ипол месеци регистрирани се 11 нови случаи на заразени од ХИВ вирусот во Македонија.
Осуммина се хомосексуалци на возраст од 20 до 29 години, најмладиот е тинејџер. Тројца го добиле вирусот преку незаштитен сексуален однос со жена.
За само два ипол месеци регистрирани се 11 нови случаи на заразени од ХИВ вирусот во Македонија.
Осуммина се хомосексуалци на возраст од 20 до 29 години, најмладиот е тинејџер. Тројца го добиле вирусот преку незаштитен сексуален однос со жена.
Втората Меѓународна Балканска ликовна изложба „МОСТ“ е отворена во Велес. Претставени се 52 сликарски дела во минијатури на 26 автори од Македонија и од Турција.
Инвестирањето во зелена енергија може да го извлече Балканот од енергетската зависност. Експертите од регионот посочуваат дека во Македонија има доста природни ресурси кои може да бидат искористени за создавање енергија.
Американската Агенција за Национална Безбедност, НСА создала систем за следење кој може да ги снима сите телефонски повици во дадена земја.
Аналитичарите преслушувале само еден процент од повиците, пишува „Вашингтон пост“.
Министерот за локална самоуправа на Албанија, Бленди Чучи на Македонците во оваа земја им гарантирал дека македонските општини во Албанија нема да бидат припоени кон албанските и дека во овие места Македонците непречено од институциите ќе можат да ги одржуваат јазикот и традицијата.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе го додели признанието „Најдобар млад научник” за 2013 година.
Градоначалниците на Град Скопје и на општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, како и државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова, утре ќе засадуваат рози во општина Аеродорм.
Општина Гевгелија ќе се вклучи во националната еколошка акција „Македонија земја на цвеќето - Земја на розите“ на 21 март - Денот на пролетта.
Грчките државни службеници денеска и утре се на 48 часовен штрајк против планираните намалувања, наложени во рамки на меѓународната спасувачка програма. Во штрајкот, свикан од синдикатот на државните службеници АДЕДИ, ќе учествуваат само лекари и вработени во државните болници.
Утре во 17 часот и 57 минути во Македонија и на целата северна хемисфера календарски почнува пролетта. Во исто време на јужната полутопка на Земјата настапува есента.
Денот утре ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути.