Вести
-
Македонија 16.03.2014 10:20
ВМРО-ДПМНЕ денес го презентира отчетот за периодот 2011-2014
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денес ќе го презентира отчетот за работата во периодот од 2011 до 2014 година.Презентацијата на отчетот ќе се одржи со почеток во 12:30 часот во „Александар Палас“. -
Свет 16.03.2014 09:16
Крим одлучува: Русија или Украина?!
Во осум часот по локално време (седум по средноевропско) на Крим беа отворени избирачките места на кои граѓаните ќе одлучат за присоединување на оваа автономна република кон Русија или ќе останат во состав на Украина со обновен Устав од 1992 година. -
Македонија 16.03.2014 09:10
Со „Марш на Матка“ започнува планинарската сезона
Како најава на планинарската сезона во Македонија, денеска ќе се одржи 18-тиот „Марш на Матка“. -
Економија 15.03.2014 22:15
Груевски: Нова инвестиција во Кичево ќе отвори 1.000 работни места
Околу 1.000 нови работни места ќе се отворат во Кичево, во погонот на компанија за производство на автомобилски воздушни перничиња која изразил
-
Свет 15.03.2014 19:52
Русија стави вето на предлог резолуцијата на ОН за Крим
Русија стави вето на предлог резолуцијата на Обединетите нации со која се критикува утрешниот референдум за независност на Крим. Кина, традиционален сојузник на Русија, беше единствената членка на Советот за безбедност што гласаше воздржано.
-
Македонија 15.03.2014 19:21
Метео
Во втората половина од викендот ќе имаме преодна дестабилизација на временската состојба. Нѐ очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува и умерен до засилен ветер од северо-западен правец, особено во источните делови каде ќе биде пооблачно.
-
Македонија 15.03.2014 19:00
Шлаус: Македонија ќе стане членка на Европското семејство
Mакедонија ќе стане членка на европското семејство. Споровите се некогаш територијални, а некогаш идентитетски, но исто како Италија, Украина, а дури и Русија, Mакедонија е лулка на европската цивилизација.
-
Македонија 15.03.2014 18:08
Иванов со отчет за пет годишниот мандат
Актуелниот претседател и кандидат за иден шеф на државата, Ѓорге Иванов почна да го дели отчетот за сработеното во изминатите пет години.
-
Свет 15.03.2014 17:56
Последни подготовки за референдум на Крим
Во средиштето на нишанот, Крим ги прави последните подготовки за утрешниот референдум на кој се очекува да и ја предаде контролата на Москва, и покрај заканите со санкции и осудата на Западот.
-
Економија 15.03.2014 17:52
Субвенциите го зголемија градинарството
Семејството Трпевски од Скопско својот бизнис во земјоделството од година во година го шири . Произведуваат на 35 хектари градинарски култури.Земаат субвенции ,а со средствата од Ипард програмата ја обновуваат механизацијата.










