На 2 дена пред крајот на годината маглата и натаму е проблем...
Вести
-
Македонија 29.12.2013 19:04
-
Македонија 29.12.2013 18:39
Каде ќе прославуваат Прилепчани?
Будва е новата странска хит дестинација за оние кои новогодишните празници планираат да ги поминат надвор од Македонија. Туристичките агенции од Прилеп велат дека поради ефтиниот аранжман од околу 5.000 денари за 2 дена, огромен е бројот, посебно на млади луѓе, кои ќе заминат на Јадранот.
-
Свет 29.12.2013 18:05
Се саморазнесе жена самоубиец во Русија
Страотен терористички напад во Русија. Жена самоубиец активира експлозив на железничката станица во Волгоград. Десетици загинати и ранети е црниот биланс од експлозијата што одекнала пред влезните врати и првиот кат на зградата.
-
Култура 29.12.2013 17:43
Објавени деветте тома документи на последниот гемиџија Шатев
Павел Шатев, Дон Кихотот на Гемиџиите , преживеа се во борбата за македонската држава , освен комунистичката диктатура. Го затворија во мрачните подруми , но со печатењето на деветте тома, на неговата пишана оставина, ние му се оддолжуваме.
-
29.12.2013 16:47
Јужен крак на Јужниот тек и Дунав-Морава-Вардар-Солун
Србија и Русија ги подржуваат и ги прифаќаат плановите за изградба на јужен крак на Јужниот тек на гасоводот кон Македонија- изјави за МРТ министерот Милан Бачевиќ, еден од надлежните во српската Влада за реализација на овој проект.
-
Македонија 29.12.2013 15:47
Блокирани улиците кај Битпазар
Еден припадник на специјалната единица „Алфи“ е повреден при полициската рација која беше спроведена попладнево на Битпазар против препродавачите на петарди.
-
Македонија 29.12.2013 14:55
Новогодишно интервју на Премиерот
Ова во новогодишното интервју за МТВ го најави Премиерот Груевски. Пензионерите и социјалците многу бргу ќе може да се радуваат на покачувањето.
-
Македонија 29.12.2013 14:37
Што е најисплатливо за македонските естрадни музичари?!
Македонските естрадни уметници го земаат најмалиот дел од колачот на балканскиот музички пазар. Иако се дел од него, егзистираат во затворен круг. И во тие рамки ќе може да се функционира подобро, но, потребно е законски да се регулира нивната дејност.
-
Свет 29.12.2013 13:20
Терористички напад во Волгоград
Бомбашки напад на железничка станица во градот Волгоград во јужниот дел на Русија. Најмалку 18 луѓе загинале а над педесет се повредени. Нападот го извршила жена самоубиец, која ја активирала експлозивната направа во близина на влезот во станицата, соопшти рускиот комитет за антитероризам.
-
Македонија 29.12.2013 12:28
Опстојување на „македонски јазик“
Македонски манифест најенергично го отфрла објаснувањето на Ричард Ховит, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, со кое предложи амандман на сопствениот извештај – да се избрише единствената придавка „македонски“ што ја употребува во текстот.


