Вести

  • Македонија 17.12.2013 20:56

    ДИК и ОБСЕ за избирачкиот список

    Државната изборна комисија е надлежна за водење на регистарот на избирачи, од каде се вади избирачкиот список, но, нема доволно ресурси за тоа без надворешна подршка. Со ваква проценка излезе ОБСЕ/ОДИХР во извештајот по направената сондажа во септември.

  • Македонија 17.12.2013 20:49

    Еко-инспекторите во акција

    МТВ со еко-инспекторите кои тргнаа во лов на загадувачите. Вонредна инспекција во  Цементарницата Усје, капацитетот кој ја поседува потребната А-дозвола за усогласување со оперативниот план. Се проверува примената. Не пречекаа менаџерите. Главниот инспектор им соопшти што се бара од нив.

  • Македонија 17.12.2013 17:03

    „Кутлеш“ проблем за кипарска европратеничка

    Кипарската европратеничка Антигони Пападопулос во пратеничко прашање до Европската Комисија, ја обвинува Македонија за кршење на Времената спогодба, користејќи ги исклучиво изјавите на Ивон Величковски од Либерална Партија, неодамна изнесени од собраниската говорница.

  • Свет 17.12.2013 16:56

    Средба Путин Јанукович

    Историска средба меѓу претседателите на Украина и на Русија, Јанукович и Путин. Заемот тежок неколку милијарди долари за спас на Украина од економска катастрофа, намалување на цената на гасот и стабилизирање на односите меѓу двете земји во врвот на агендата на двајцата шефови.

  • Македонија 17.12.2013 16:55

    24 училишта ќе бидат обновени, а 14 монтажно изградени

    Министерството за образование и наука најави реконструкција на 24 училишта и изградба на 14 монтажни во руралните средини во првата половина на 2014- та.

  • Македонија 17.12.2013 16:26

    Грчкиот став посилен од Унијата

     Иако состанокот ќе заврши доцна вечер, веќе е познато дека ќе биде одбиена петтата по ред препорака на Европската комисија, односно дека ќе биде нотиран само заклучокот од средбата на амбасадорите во  ЕУ во рамките на КОРЕПЕР групата на која се препорачува „Европскиот совет да се врати на препор

  • Македонија 17.12.2013 16:23

    Интервентни мерки против загадувањето

    Владата обелодени интервентни мерки против загадувањето во четири градови во земјава, во Скопје, Битола, Кичево и Тетово. Од утре бремените жени и лицата над 60 години возраст не треба да одат на работа.

  • Македонија 17.12.2013 16:06

    Заокружување на капиталниот проект

    Нови 15 наслови од проектот „Превод на 1000 стручни и научни книги“ беа промовирани во народната читалница  во Градскиот трговски центар.860-те досега преведени дела се од светски познати автори кои постепено стануваат задолжителна литература за студентите и професорите.

  • Економија 17.12.2013 16:04

    Втор ден дебата за Буџетот

    За власта развоен Буџет, но така не смета и опозицијата. Мнозинството вели дека со зголемувањето на средствата за капитални инвестиции за 20 проценти ќе се стимулира економијата и ќе се обезбеди растот в година. Нивните политички конкуренти обвинија дека немало ниту денар за енергетика.

  • Македонија 17.12.2013 15:58

    Нови командири во полициските станици Аеродром, Центар, Карпош и Бит - пазар

    Полициските станици Центар, Карпош и Аеродром  и Бит - пазар, имаат нови командири: Игор Јаковлевски, Роберт Петрушевски , Орце Јовановски и Рустеми Мохамед.  Промени засега има во четири од девет полициски станици од општа надлежност во СВР Скопје.

Pages