Проектот „Охрид In Situ – архитектура, континуитет и мудрост на местото“ е избран за македонски претставник на 20. Интернационална изложба на архитектура во Венеција во 2027 година.
Вести
-
Култура 30.09.2026 19:31
-
Македонија 30.09.2026 19:01
Земјоделците на протест поради неисплатени субвенции и високите трошоци
Земјоделците од Пелагонија денеска излегоа на протест со блокада на патот Прилеп – Битола кај Тополчани. Велат дека проблемите се напластени, субвенциите не се доисплатени, неизвесна е есенската сеидба, а зголемените трошоци ги доведуваат на работ на преживувањето.
-
Свет 30.09.2026 18:43
Војната во Украина продолжува, Москва со нуклеарна закана кон НАТО
Војната во Украина продолжува. Жртви и повредени во руски воздушни напади во Киев. Погодени станбени згради и цивилна инфраструктура. Романија и Полска кренаа воени авиони за да го обезбедат својот воздушен простор.
-
Македонија 30.09.2026 18:26
Голема еко-акција за почисто Скопје
Скопјани ги засукуваат ракавите. Илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери ја чистеа метрополата.
Околу 30.000 граѓани се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје и поуреден град.
-
Македонија 30.09.2026 18:03
Ревизорските извештаи како алатка за намалување на корупцијата
Функционална држава се справува со корупцијата. Стопроцентно не може да се спречи, но со ревизорските извештаи може да се намали на прифатливо ниво, вели главниот државен ревизор.
-
Македонија 30.09.2026 17:50
Во Министерството за правда нов обид за договор за измените на Изборниот законик
Министерот за правда Јетон Шасивари на консултативна средба со претставници на политичките партии во обид за деблокада на измените на Изборниот законик, кои содржат препораки од ОБСЕ/ОДИХР и се дел од реформската агенда на државата. Од СДСМ не дојдоа на состанокот.
-
Македонија 30.09.2026 17:32
Студентскиот дом „Стив Наумов“ реновиран по европски стандарди
Од целосно руиниран, до студентски дом по сите европски стандарди. По 62 години од изградбата, пуштени во употреба реновираните згради и мензата на „Стив Наумов“.
-
Култура 30.09.2026 17:16
Директорот на НУ Историски музеј – Крушево поднесе оставка
Директорот на Националната установа „Историски музеј“ – Крушево, Миха Оџаклиески поднел оставка на функцијата. Во неа, навел дека одлуката е личен, морален и етички чин и израз на одговорност кон институцијата и кон јавноста.
-
Македонија 30.09.2026 17:11
Ново рочиште за случајот „Државна лотарија“
Апаратите за коцкање што ги купила Државната лотарија не биле електронски. Ова го тврди одбраната, според која, од нивното купување државата немала зијан. Се тврди и дека никој од обвинетите не ставил пари в џеб, а ако апаратите денес се продадат касата на Лотарија би била во плус.
-
Економија 30.09.2026 16:44
Дурмиши на Берлинскиот процес: Регионалниот пазар носи конкретни резултати за компаниите
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши учествуваше на конференција во Будва и на министерски состанок во Цетиње, во рамките на Берлинскиот процес.










