Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа координативен состанок со претставници од сите надлежни институции и организации, со цел подобра подготовка и координација за претстојниот зимски период.
Вести
-
Македонија 22.10.2025 08:44
-
Македонија 22.10.2025 08:27
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 22.10.2025 08:24
Трамп не сака бескорисен состанок со Путин
Засега нема планови за средба меѓу Трамп и Путин, потврди шефот на Белата куќа. Вели дека не сака да има бескорисен состанок со рускиот колега. Клучна точка на сопнување е одбивањето на Москва да ги прекине борбите на фронтот.
-
Македонија 22.10.2025 08:17
Претреси и апсења во прилепската болница
По наредба на Јавното обвинителство, Финансиската полиција влезе во прилепската болница. Се преземаат дејствија за наводи против повеќе лица за злоупотреби. Според информациите, приведени се повеќе лица поврзани со сомнежи за сторен криминал, со тендери во работењето на здравствената установа.
-
Македонија 22.10.2025 08:06
Oблачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
-
Култура 21.10.2025 21:06
Дела на скулпторот Александар Ефтимовски трајно поставени во просторот на МКЦ
Александар Ефтимовски е македонски автор со големо интернационално искуство. Во неговото досегашно ликовно творештво има изработено скулптури во голем формат, поставени во повеќе од 30 европски и светски држави.
-
Македонија 21.10.2025 20:44
Вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и „Комунална хигиена“ за сметот во Скопје
Вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во јавното претпријатие Комунална хигиена. Ќе се испитува работењето на досегашната градоначалничка Арсовска и директорот на јавното претпријатие, Рустеми.
-
Македонија 21.10.2025 20:24
Кривична пријава против пироман од Скопје, со запаливо средство опожарил патничко возило во Скопје
СВР Скопје – Одделението за криминалистички работи Кисела Вода поднесе кривична пријава против Ж.И.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
-
Македонија 21.10.2025 19:49
Андоновски: Македонија ја гради иднината на вештачката интелигенција дома, со Европа како партнер
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на панелот посветен на вештачка интелигенција и иновации во рамки на министерскиот состанок за земјите од Западен Балкан, организиран од Европската комисија и еврокомесарката Екатерина Захариева.
-
Македонија 21.10.2025 19:37
Министрите Јаневска и Андоновски на средба со еврокомесарката Захариева
Вложувањата во науката и иновациите, примената на вештачката интелигенција за научно – истражувачки цели и можностите за зголемување на европската поддршка за Македонија, беа темите за кои се дискутираше на денешната средба на министрите за образование и наука и за дигитална трансформација, Весна










