Вести
-
Свет 02.09.2025 08:30
Белгија најави признавање на палестинската држава и санкции против израелската влада
Белгија најави дека ќе ја признае палестинската држава во септември и ќе воведе санкции против израелската влада. -
Македонија 02.09.2025 08:28
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.
-
Македонија 02.09.2025 08:22
Заврши рокот за собирање потписи за независни кандидатури за градоначалници и советници
На полноќ заврши рокот за собирање потписи за независни кандидатури за градоначалници и за советници за локалните избори. Според податоците на Државната изборна комисија, неколку часа пред крајниот рок, потписи за градоначалници се собирале во 19 општини, за вкупно 32 кандидати.
-
Свет 02.09.2025 08:21
Кремљ: Не е планирана средба Путин-Зеленски
Москва повторно ги намали надежите на Киев за лидерска средба додека тече двонеделниот рок даден од Трамп за Русија. Помошникот на Кремљ Ушаков изјави дека не е планирана средба Путин-Зеленски, ниту пак трилатерален состанок со Трамп.
-
Свет 02.09.2025 08:13
Комеморативна прошетка по повод 10 месеци од трагедијата во Нови Сад заврши во хаос
По комеморативната прошетката во Нови Сад по повод 10 месеци од трагедијата на Железничката станица, полицијата интервенираше кај Факултетот за спорт, користејќи палки и шок бомби.
-
Македонија 02.09.2025 08:10
Во Собранието уште две пленарки пред кампањата
Септември е последниот работен месец за пратениците пред кампањата за локалните избори. На двете пленарки, денеска и на 12-ти треба да се заокружат сите закони што се во процедура.
-
Македонија 02.09.2025 08:00
Сончево со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде од 9 до 20 часот, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.
-
Култура 01.09.2025 21:20
Успешна промоција на македонската култура и туризам во срцето на Франкфурт
Во рамките на „Museumuferfest“ во Франкфурт, настан кој секоја година ги обединува посетителите од регионот и многубројните туристи од целиот свет, Министерството за култура и туризам успешно ја промовираше Македонија како врвна европска дестинација.
-
Македонија 01.09.2025 20:44
Во тек е предистражна постапка за наводите на АНБ
Отворен е предмет за наводите за незаконски оперативни обработки на јавни личности, од страна на поранешното раководство на Агенцијата за национална безбедност, од 2019-та до 2024-та година.
-
Македонија 01.09.2025 20:31
Висока делегација на Вооружените сили на Романија во официјална посета на македонската Армија
Висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Романија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Ѓеоргита Влад, од утре, ќе престојува во официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија.










