Русија продолжува со интензивните напади врз украинската енергетска мрежа наспроти зимата. Делови на северот од Украина без струја. Оштетени куќи и повредени во Харков.
Вести
-
Свет 21.10.2025 13:03
-
Македонија 21.10.2025 12:48
Сослушани поранешни членови на УО на Клиниката за онкологија
Денеска во Основниот кривичен суд Скопје, со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, кои биле членови на Управниот одбор на Клиниката за онкологија од 2018 до 2024 година, продолжи судењето за „Онкологија 2“ кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката
-
Македонија 21.10.2025 12:38
На Клиниката за неврохирургија првпат се изведе операција на мозок со помош на системот за стереотаксија
Во тек на минатата недела на Клиниката за неврохирургија првпат се изведе операција на мозок со помош на системот за стереотаксија (framed stereotactic brain biopsy).
-
Свет 21.10.2025 12:30
Силна бура ја зафати Франција со жртви и повредени
Едно лице загина, а девет се повредени – четворица тешко – откако силно невреме со ветрови го погоди регионот Вал д’Оаз, северно од Париз. Бурата корнеше дрвја, покриви и урна кранови.
На терен се мобилизирани десетици пожарникари, полицајци и припадници на итната медицинска помош.
-
Македонија 21.10.2025 12:24
Поднесено обвинение за злоупотреби во ученичкиот дом „Мирка Гинова“
Основното јавно обвинителство Битола, по спроведена претходна постапка, до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против службено лице – поранешна директорка на Државниот ученички дом „Мирка Гинова“, која е обвинета за продолжени кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување и
-
Свет 21.10.2025 11:35
Неизвесна средбата Трамп-Путин
Планираната средба Трамп-Путин во Будимпешта останува неизвесна по одложувањето на состанокот меѓу нивните клучни помошници за надворешни работи Рубио и Лавров, кои требаше да ја подготват лидерската средба.
-
Македонија 21.10.2025 11:25
Кривичен суд: Кривичната и казнената евиденција за странци од сега ќе ја проверува МВР
Кривичниот суд ги известува странските државјани кои престојуваат во Република Северна Македонија дека, согласно новите процедури, проверките за казнена и кривична евиденција неопходни за регулирање на престој, повеќе нема да се вршат преку судовите, туку директно од страна на Министерството за в
-
Македонија 21.10.2025 11:23
Замрзнат имот во Србија и Македонија од осомничен за злоупотреби во РЕК Битола
Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, упати итно барање до надлежните органи на Република Србија за замрзнување имот – 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за правно лице со седиш
-
Македонија 21.10.2025 11:19
Царина: Запленети 160 штеки цигари, 100 кг ветеринарни препарати, регистарски таблички, девизи и облека со потпис на познати модни брендови
Обидот за шверц на 160 штеки цигари е откриен при контрола на автобус кој сообраќал на релација Скопје – Истанбул – Скопје, на излез од државата на граничниот премин Деве Баир.
-
Свет 21.10.2025 11:03
Саркози почна со издржување затворска казна
Поранешниот француски претседател Никола Саркози почнува со издржување на петгодишната затворската казна откако беше осуден за илегална шема на финансирање на својата кампања со пари од Либија. Тој тврди дека е невин и дека случајот е политички мотивиран.









