Се надевам на секој глас од граѓаните на Скопје, вели потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова која е кандидат на партијата за прв човек на главниот град.
Вести
-
Македонија 19.07.2025 17:14
-
Македонија 19.07.2025 16:23
Активни пожари на неколку локации низ Македонија
Гори на повеќе локации во Македонија. Пожарот во Желино времено го затвори автопатот Скопје-Тетово. Сомнежот е дека бил подметнат со запалени гуми, кои намерно биле тркалани по патот.
-
Македонија 19.07.2025 15:18
Вонредни инспекциски контроли на хотелите и станоиздавачите
Инспекторите по туризам вршат засилени вонредни инспекциски контроли на брегот на Охридското Езеро.
-
Македонија 19.07.2025 14:39
Македонци од странство во посета на Македонија
Македонија земја од која се иселуваат многумина и стануваат дијаспора. Родените таму се враќаат во татковината. Некои на кратко да ја видат земјата од која потекнуваат во рамки на „Родум од Македонија 2025“. Ама, третата и четвртата генерација повеќе и не зборуваат македонски јазик.
-
Свет 19.07.2025 13:35
Засилена дипломатија на Блискиот Исток
Десет заложници во Газа наскоро ќе бидат ослободени, уверува американскиот претседател. Претставници од Израел и Хамас учествуваат во нова рунда преговори за прекин на огнот во Доха за предлогот поддржан од САД за 60-дневно примирје.
-
Македонија 19.07.2025 12:25
Ѓоргиевски и Шукова „ќе се борат“ за Град Скопје
Двајца кандидати за градоначалничкото столче во Град Скопје на двете најголеми политички партии. Орце Ѓоргиевски од ВМРО ДПМНЕ и Каја Шукова од СДСМ, ќе си ги одмерат силите на локални избори наесен.
-
Македонија 19.07.2025 11:46
ЦУК: Во изминатото деноноќие изгаснати се 27 пожари, 4 се уште активни
Во изминатото деноноќие изгаснати се 27 пожари на отворен простор, а четири се ставени под контрола. Активни пожари има во село Нивичино, општина Василево, во село Грешница, општина Македонски Брод, меѓу прилепските села Царевиќ и Смолани и во село Виштица, општина Липково.
-
Македонија 19.07.2025 10:44
Утрово гужви на границите за влез и излез од државата
Утрово за излез од Македонија и влез во соседна Грција се чека и по два часа. Викендот, жешкото време и почетокот на последниот дел од месецот си го направија своето – редици од автомобили, нервозни патници и забавено патување кон летните дестинации.
-
Македонија 19.07.2025 10:02
Обвинение против напаѓачот на градоначалничката на Скопје, Арсовска
Поднесено е обвинение против напаѓачот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
-
Македонија 19.07.2025 09:20
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.










