Дизелот поскап за 5,5 денари, бензините поевтини за денар и половина. Регулаторната комисија ги објави новите цени на горивата.
Вести
-
Економија 21.09.2026 17:00
-
Свет 21.09.2026 16:43
Припадник на американската имиграциска служба рани маж во Остин, протести против операциите
Припадник на американската Служба за имиграција и царинска контрола рани маж во Остин, Тексас. Инцидентот се случил по проверка на возило, а полицијата не учествувала во операцијата. Мажот е во тешка, но стабилна состојба. Градоначалникот побара полицијата да биде вклучена во истрагата.
-
Македонија 21.09.2026 16:26
Шасивари – Миљаниќ: Продлабочување на соработката со Црна Гора во реформите и европската интеграција
Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Македонија, Зоран Миљаниќ, на која беа разгледани можностите за натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на правосудството, владеењето на правото и европската интеграција.
-
Свет 21.09.2026 15:39
Најмалку тројца загинати во пакистански воздушен напад врз Авганистан
Најмалку три лица загинаа, a неколкумина се ранети во пакистански воздушен напад врз североисточен Авганистан.
Нападот следи по смртоносниот удар врз полициски објект во Пакистан, во кој загинаа 16 лица.
-
Свет 21.09.2026 14:57
Трамп најавува можност за ескалација со Иран, Техеран предупредува на одмазда
Трамп се закани со ескалација на војната со Иран, додека размислува дали и кога да „ја уништи целата нација“.
-
Култура 21.09.2026 14:15
„Падот на Масада“ на Драмски театар гостува на фестивалот „Стоби 2026“
Фестивалот „Стоби 2026“ се одржува од 15 до 24 септември и годинава во програмата обединува театри од Македонија, Србија и Италија. Драмски театар Скопје ќе се претстави со камерната претстава „Падот на Масада“, чија премиера беше одржана во декември 2023 година.
-
Свет 21.09.2026 13:44
Москва се заканува со нови напади врз Киев, Зеленски потврди средба со Трамп во Њујорк
Русија се заканува со интензивирање на нападите врз Киев по украинските удари врз Москва.
-
Македонија 21.09.2026 13:19
Тошковски ја отвори заедничката обука на САЕ „Тигар“ и француската единица РАИД
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, во објектот на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, официјално ја отвори четиридневната заедничка обука за техники на пробивање, која се реализира во соработка со специјалната единица РАИД на француската национална полиција.
-
Македонија 21.09.2026 12:53
Светлана Мојсов, научничката заслужна за развојот на GLP-1 лековите, ќе одржи предавање во МАНУ
Професорката Светлана Мојсов, член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) надвор од работниот состав и научничка чие истражување е значајно за развојот на лековите базирани на GLP-1, ќе одржи пристапно предавање во МАНУ.
-
Македонија 21.09.2026 12:43
Мексиканец осомничен за напад врз полицаец во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против мексикански државјанин поради сомнение дека сторил кривично дело – кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик.








