Француската влада најави образовни реформи по неделите протести на средношколците и студентите.
Планираат замена на платформата за упис на универзитети, помали класови, нови наставници и милијарди евра за реновирање на училиштата.
Француската влада најави образовни реформи по неделите протести на средношколците и студентите.
Планираат замена на платформата за упис на универзитети, помали класови, нови наставници и милијарди евра за реновирање на училиштата.
Терористички напад во Белград - малолетник со два ножа нападнал полицаец што ја обезбедувал израелската амбасада.
Полицаецот реагирал во самоодбрана и го убил, а и самиот бил повреден.
Трамп објави дека наскоро би можела да се одржи средба меѓу Путин и Зеленски, но без конкретен датум.
Недостиг од 7.813,49 килограми сув цвет од медицински канабис бил утврден при контрола во правно лице за одгледување медицински канабис во селото Борисово, општина Ново Село, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Министерството за дигитална трансформација денеска ќе ја промовира мобилната апликација „м. Услуги“, која ќе овозможи полесен пристап до електронски јавни услуги и дигитални документи преку мобилен телефон.
Безбедноста и здравјето на работното место, грижата за менталното здравје и превенцијата на психосоцијалните ризици ќе бидат во фокусот на настанот по повод Европската недела за безбедност и здравје при работа, што денеска ќе се одржи во Скопје.
Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, известува АМСМ.
Почнува амандманската расправа за вториот ребаланс на Буџетот. Поднесени се 124 амандмани, а нивното разгледување ќе биде во собраниската Комисија за финансирање и буџет.