Врсничкото насилство сè почесто ги полни билтените на МВР. Реакциите од јавноста не запираат по последните два случаи. Булингот повторно го отвори и прашањето како до поголема превенција.
Ана Јосифоска со последните информации на оваа тема.
Врсничкото насилство сè почесто ги полни билтените на МВР. Реакциите од јавноста не запираат по последните два случаи. Булингот повторно го отвори и прашањето како до поголема превенција.
Ана Јосифоска со последните информации на оваа тема.
Поголемиот дел од работата за десетте чекори од реформската агенда е завршен, истакна евроамбасадорот Рокас, кој очекува извонредни резултати. Премиерот Мицкоски вели дека со сигурност ќе бидат исполнети девет од десетте точки.
Известува Марија Котовска
Одржливоста не е веќе еколошка определба, туку клучен фактор за конкурентноста на компаниите во време на геополитички тензии, инфлаторни притисоци, променливи пазари, климатски промени.
Со 81 глас за, 9 против и ниту еден воздржан,Собранието го донесе новиот Закон за парнична постапка, кој претставува еден од клучните реформски чекори во насока на унапредување на правосудниот систем и негово усогласување со современите европски стандарди.
Во организација на Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, вечерва, 3 јули 2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, во Ерменската католичка катедрала „Сурп Левон“ во Кадиќој, ќе се одржи пијано рецитал на истакнатата македонска пијанистка проф. Даница Стојанова.
Молдавскиот премиер, Александру Мунтеану поднесе оставка, без да наведе конкретна причина за повлекувањето од функцијата. Мунтеану беше премиер од ноември изминатата година.
Русија и изминатото деноноќие продолжи со нападите врз украински позиции додека расте бројот на жртви во масовниот удар врз Киев изведен во ноќта помеѓу први и втори јули. Москва тврди дека таргетирале исклучиво воени цели. Меѓународната заедница ги осуди руските дејствија.
Монетарната политика и платните системи се двата клучни столба на современото централно банкарство, а реформите што ги спроведува Народната банка имаат значајна улога во зачувувањето на финансиската стабилност и развојот на финансискиот систем, истакнува вицегувернерот Игор Величковски во обраќањ
Вршителката на должноста претседател на Венецуела, Делси Родригез, ги отфрли обвинувањата дека владата реагирала премногу бавно на катастрофата од двата земјотреса и ги оставила цивилите да го преземат поголемиот дел од спасувачките напори.
Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде презентиран дел од опремата за Армијата набавена со поддршка од Европската Унија преку Европскиот мировен фонд.