Киев повторно под жесток руски оган. Десетици лица се повредени во најновиот бран напади, а воздушни тревоги се огласија и далеку од фронтот, меѓу кои во Тернопол и Одеса.
Вести
-
Свет 03.09.2026 12:00
-
Свет 03.09.2026 11:35
Тајфунот „Саудел“ ја погоди источна Кина, илјадници евакуирани поради поплави
Тајфунот „Саудел“ предизвика поројни дождови и поплави во источна Кина, поради што властите прогласија највисоко ниво на тревога. Во делови од провинциите Фуџијан и Џеџијанг се затворени училишта и работни места, а прекинат е и автобускиот сообраќај.
-
Свет 03.09.2026 11:33
Шпанија: Протести поради мигрантите во Сеута
Илјадници луѓе протестираа низ повеќе шпански градови поради мигрантската криза во Сеута кои следуваат по повеќе од еден месец откако над 70 илјади мигранти масовно пристигнаа од Мароко, при што најмалку 80 лица загинаа.
-
Македонија 03.09.2026 11:01
ДЗР: Фотоволтаични електрани се граделе без целосно функционален систем за планирање и надзор
Државниот завод за ревизија утврди значителни слабости во системот за издавање дозволи за изградба на фотоволтаични електрани во периодот од 2022 до мај 2025 година.
-
Македонија 03.09.2026 10:52
Сузбиена криминална група: Проневериле над 2,2 милиони евра, три лица лишени од слобода
Криминална група осомничена за проневера во службата, перење пари и несовесно работење во службата е сузбиена во полициска акција спроведена во Скопје.
-
Свет 03.09.2026 10:35
Токсичен чад од пожарите се шири низ Азија
Токсичен чад од шумските пожари кои со недели горат во Индонезија се шири низ регионот додека милиони луѓе се изложени на загадениот воздух. Веќе над 50 илјади лица се хоспитализирани поради респираторни инфекции.
-
Македонија 03.09.2026 10:12
Македонија утре го потпишува меморандумот за приклучување кон Вертикалниот гасен коридор
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска и утре ќе учествува на Самитот и Форумот за енергетика на Југоисточна Европа во Солун. Во рамки на посетата, Македонија официјално ќе го потпише меморандумот за приклучување кон Вертикалниот гасен коридор.
-
Економија 03.09.2026 09:51
Бројот на работници во индустријата намален за 2,6% во јули
Бројот на работниците во индустријата во јули годинава е намален за 2,6 отсто во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголемо намалување е регистрирано во секторот „Рударство и вадење камен“.
-
Македонија 03.09.2026 09:32
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, на ред се вештаците на одбраната
Со испитување на вештите лица предложени од одбраната, денеска во Основниот кривичен суд во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Со распитот на тимот вештаци од Градежниот факултет при УКИМ се очекува да заврши доказната постапка на Обвинителството.
-
Култура 03.09.2026 09:16
Изложба по повод 15 години од Музеј на македонската борба за самостојност
Националната установа Музеј на македонската борба за самостојност вечерва ќе одбележи 15 години од основањето со ретроспективна изложба на плакати од досегашните изложби, како и презентација на избрани печатени изданија и каталози.










