Јужнокорејскиот суд издаде налог за апсење на отповиканиот претседател Јун Сук Јеол, кому му беа одземени претседателските овластувања поради неговата краткотрајна уредба за воена состојба која ја фрли земјата во политички хаос.
Вести
-
Свет 31.12.2024 08:37
-
Македонија 31.12.2024 08:36
Почна прославата на Нова година
Весело последниот ден од 2024-та почна со новогодишни прослави во кафулиња и ресторани во Скопје.
-
Свет 31.12.2024 08:35
„Гаспром“ го прекинува извозот на гас во Молдавија од 1-ви јануари
Рускиот државен енергетски гигант Гаспром од утре треба да ја запре испораката на гас за Молдавија поради наводен долг од 709 милиони долари за претходни испораки. Властите во Кишинев ги негираат тврдењата на Русија и велат дека долгот е многу помал, односно близу 8,6 милиони долари.
-
Свет 31.12.2024 08:32
Израел повторно ја нападна опколената Џабалија
Израелските сили повторно ја нападнаа опколената Џабалија во Северна Газа по еднодневните бомбашки напади во кои загинаа најмалку 27 луѓе низ Појасот.
-
Свет 31.12.2024 08:30
Русија и Украина разменија заробеници
На истекот од старата година Украина и Русија извршија нова размена на воени затвореници во посредство со Обединетите Арапски Емирати. 150 руски наспроти 189 украински војници, меѓу кои и двајца цивили се обединија со своите најблиски. На фронтот продолжија со борби.
-
Македонија 31.12.2024 08:25
СВР Скопје го расчисти случајот со пронајденото оружје во Арачиново
СВР Скопје го расчисти случајот со оружјето кое беше пронајдено од страна на полициски службеници од СВР Скопје на 18.12.2024 на територија на општина Арачиново, покрај локален пат од с. Орланци кон с.
-
Македонија 31.12.2024 08:22
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 31.12.2024 08:20
Последни подготовки пред најлудата ноќ
Светот со последни подготовки пред стрелките на часовникот да се поклопат и да го означат почетокот на Новата година. Во Њујорк повторно магично.
-
Македонија 31.12.2024 08:03
Ведро и студено со појава на утринска магла
Утрото ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се движи од -7 до 3, а максималната од 7 до 14 степени.
-
Економија 31.12.2024 07:57
Закуп на земјиште над 3 хектари
Државата нуди под закуп земјоделско земјиште, распоредено во 10 региони и тоа во: Гази Баба, Струмица, Пехчево, Кисела Вода, Гевгелија, Чаир, Валандово, Куманово, Радовиш и во Штип.
Парцелите се со големина од над 3 хектари.










