Вести
-
Македонија 31.12.2024 13:29
Влада: Обезбедени 120 милиони денари за студентски превоз
Од утре продолжува бесплатниот јавен превоз за студентите. Пари се обезбедени со новиот буџет. Прес одржаа на премиерот Мицкоски и министерката за образование Јаневска.Викторија Милевска известува. -
Македонија 31.12.2024 13:27
Скопјани ќе останат без јавен превоз, нема нафта
ЈСП во новата година влегува со старите проблеми. Најголемиот дел од автобусите остануваат во гаража поради недостиг на нафта. Од Синдикатот на ЈСП информираат дека возилата уште синоќа се повлекле порано од своите линии за да заштедат горива.
Игор Панов известува.
-
Македонија 31.12.2024 13:21
Охрид подготвен за дочекот на новата година
Во Охрид весела празнична атмосфера. Прекрасното сончево време ги раздвижи бројните туристи. Присутни се гостите од соседните земји Бугарија, Црна Гора, Албанија, но најбројни се Србите.
-
Македонија 31.12.2024 13:17
Во Скопје почна новогодишната прослава
Преостануваат уште неколку часа до стартот на новата 2025-та. Во македонската метропола веќе почна новогодишната еуфорија. Во центарот на градот кафулињата и рестораните веќе се полни, скопјани и годинава традиционално на дневните забави се загреваат за дочекот на Новата година.
-
Македонија 31.12.2024 12:48
Гаши: 2025-та ни нуди можност да работиме за поправедна и поразвиена држава
Претседателот на Собранието, Африм Гаши со видео-обраќање објавено на неговиот Фејсбук-профил им ја честита на граѓаните Новата 2025 година.
-
Свет 31.12.2024 12:35
Жителите на Кирибати први ја дочекаа Новата година
Жителите на Кирибати први ја дочека Новата година, додека земјите ширум светот се подготвуваат да го прослават доаѓањето на 2025-та година.
-
Македонија 31.12.2024 11:19
Сиљановска Давкова: 2025-та да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитка по новогодишните празници.
-
Македонија 31.12.2024 10:54
Зимски распуст за учениците, второто полугодие од 20 јанаури
За учениците во основните и средните училишта почнува зимскиот распуст од учебната 2024-2025 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари.
-
Македонија 31.12.2024 10:37
ИЈЗ: Водата да ви биде прв избор, избегнувајте слатки пијалаци и алкохол
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излезе со препораки за правилна хидратација за време на празниците. Се препорачува водата да биде прв избор, да се избегнуваат слатките пијалаци и алкохолот.
-
Македонија 31.12.2024 10:19
Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници
Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани, соопштија од ПОЦ.









