Кинеското Министерство за одбрана предупреди дека ќе преземе дополнителни дејствија против Тајван доколку е потребно по воените вежби одржани околу островот.
Вести
-
Свет 15.10.2024 08:56
-
Свет 15.10.2024 08:50
Силите на Киев го одбиваат руските напади
Силите на Киев ги одбиваат руските обиди да ги пробијат борбените линии во областа Курск, тврди украинскиот претседател. По состанокот со Генералштабот, Зеленски рече дека било дискутирано и за инволвираноста на земјите што ја поддржуваат Москва во војната.
-
Свет 15.10.2024 08:44
Осуда за нападите врз мировниците од УНИФИЛ
Не стивнуваат реакциите по нападите врз мировниците на ООН во Либан во екот на израелската копнена операција. Италија, Велика Британија, Франција и Германија со заедничка изјава побараа сите страни да ја гарантираат безбедноста на УНИФИЛ во секое време.
-
Свет 15.10.2024 08:30
Албанија го отвара првиот класер на преговори за членство во ЕУ
Албанија денеска го отвора првиот т.н кластер на преговори за пристапување во ЕУ.
-
Македонија 15.10.2024 08:21
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира утрово Автомотосојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
-
Македонија 15.10.2024 08:13
Денеска почнува грејната сезона
Денеска почнува грејната сезона. Топли радијатори во домовите и деловните објекти треба да имаат сите кои се снабдуваат преку државната ЕСМ и топланите Скопје Север и Те-То. Компаниите со апел до потрошувачите да ги отстранат дефектите.
-
Македонија 15.10.2024 08:07
Пукање во Чаир
Повторно престрелка во скопски Чаир. Во градската општа болница „Свети Наум Охридски“ бил пријавен 35-годишен маж со прострелна рана во ногата.
-
Економија 15.10.2024 08:03
Пријавување за субвенции во живинарството
Почна пријавувањето за субвенциите во живинарството обезбедени од Програмата за директните плаќања за 2024 година. Живинарите можат да аплицираат по три основи.
-
Македонија 15.10.2024 08:00
Наутро студено, преку денот сончево
Утрото постудено, преку денот сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне и до 28 степени.
Во Скопје сончево време со мала облачност и со слаб северен ветер.
-
Македонија 14.10.2024 21:01
Ирина Трајкоска-Стрезоски е новата директорка на Академијата за судии и јавни обвинители
Со најмногу, односно шест гласа „за“, Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска одлучи новиот, четиригодишен мандат, да ѝ го довери на обвинителката Ирина Трајкоска-Стрезоски од Вишото јавно обвинителство-Битола.










