Вести

  • Македонија 14.10.2024 08:11

    Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по претежно суви коловози

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

    Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

  • Македонија 14.10.2024 08:06

    Лиценци за проценители на тутун

    Кандидатите кои се пријавија за добивање на лиценци за проценка на тутунот, треба да посетуваат обука на 16-ти и 17-ми октомври и да добијат потврда од Институтот за тутун во Прилеп.

    Полагањето ќе биде на 21 и 22 овој месец со претходна уплата за трошоците за обуката и за испитот.

  • Македонија 14.10.2024 08:01

    Сончево со мала до умерена облачност

    Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

  • Свет 13.10.2024 19:32

    Србите од Косово од денеска без визи во ЕУ

    Од денеска стапува во сила безвизниот режим при влез во ЕУ за Србите од Косово кои имаат српски пасоши.

    Ова произлегува од Регулативата која беше објавена на 23 септември во Службениот весник на ЕУ и која предвидува стапување во сила во рок од 20 дена.

  • Македонија 13.10.2024 18:00

    Залутан куршум заврши на кровот на куќа во Скопје, МВР на терен

    А.Б.(68) од Скопје вчера пријавил дека околу 15.00 часот во неговиот двор паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило кровот од неговата куќа.

    Полициски службеници од Полициската станица Драчево го подигнале зрното за понатамошна постапка.

  • Економија 13.10.2024 17:18

    УЈП ја објави новата листа на должници

    Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на должници за октомври 2024 година, која ги опфаќа долговите доспеани до 30 јуни 2024 година и неплатени до крајот на септември.

  • Македонија 13.10.2024 16:45

    Преземени санкции поради неправилности при вршење јавен превоз со автобус

    Полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции денеска околу 05:00 часот на наплатната станица Романовце, кумановско запреле и извршиле контрола на автобус „мерцедес“ со словенечки национални ознаки, сопственост на правно лице, а управува

  • Економија 13.10.2024 16:29

    Подготовки пред почетокот на новата грејна сезона

    Последни подготовки пред стартот на грејната сезона. Основните и средните училишта со калкулации околу обезбедување енергенси за радијаторите да бидат топли во пресрет на зимата. Градоначалникот на Ѓорче Петров за МТВ вели дека сите школи обезбедиле нафта.

  • Македонија 13.10.2024 15:46

    Законот за правична застапеност прво на јавна дебата, па на Венециска комисија

    Меѓународна пракса е да се бара мислење од Венециската комисија, вели вицепремиерот за добро владеење Фетаи, кој најави дека Законот за правична застапеност ќе се носи во транспарентна постапка со вклученост на сите засегнати страни.

  • Македонија 13.10.2024 15:22

    Животот не чека тендери

    Иако во последните 15-тина години е направен голем исчекор во лекувањето на лицата со ретки болести, сепак родителите на децата или другите пациенти многупати минуваат тежок пат до откривање на вистинска дијагноза и добивање на соодветна терапија.

Pages