Вработените во образованието ќе добијат повисоки плати. Владата и СОНК се договорија.
Прес-конференцијата ја следеше Миле Ристески.
Вработените во образованието ќе добијат повисоки плати. Владата и СОНК се договорија.
Прес-конференцијата ја следеше Миле Ристески.
Рочиштето за двојното убиство ќе продолжи в понеделник, а први сведоци ќе бидат мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, и роднините на велешанецот Панче.
Разгорени борби на украинскиот фронт. Русија го нападна Запорожје, повредени се три лица, оштетени куќи и индустриски објекти. Силите на Киев возвратија во Луганск. Гори складиште за нафта. Жестоко и на фронтот во Курск. Извршен воздушен удар врз украинските трупи.
Нема решение за недостигот на кадар во угостителството. Увозот на работници се покажа како неуспешен. Дел од странците од Непал, Индија и Пакистан, ја напуштија земјава, заминаа за европските земји. Мора да се изнајде начин како да се задржат младите во овој сектор.
На 11.10.2024 во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при СВР Штип го лишиле од слобода М.Ж.(41) од Штип.
Израел под жесток меѓународен притисок и осуда по последниот инцидент во базата на УНИФИЛ во Либан, во кој беа ранети мировници. Тел Авив го призна нападот, тврдејќи дека идентификувале непосредна закана и одговориле со оган.
Владината мерка за намалување на маржите кај лебот резултираше со само еден денар пониска цена за одредени видови бел леб од 450 грама. Минимално е намалувањето на цената и на останатите видови на леб. За граѓаните ова е незначително, велат дека и со ова поевтинување тешко се живее.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, упати порака до претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и до сите нејзини припадници, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур.
Почитувани,
Боре Видевски, обвинет за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, е вратен во затворот „Скопје“ по хоспитализација на Клиниката за нефрологија, а судењето за овој случај, во кој првообвинет е Љупчо Палевски, ќе продолжи во понеделник.
Жителите на Флорида се борат со поплавите и ја проценуваат штетата на нивните домови, откако ураганот Милтон предизвика силно невреме.
Јачината е намалена, но зад себе ураганот остави пустош. Десетици загинати, милион и пол евакуирани, над два милиона се без струја.