Поранешниот премиер и прв министер на Шкотска Алекс Салмонд почина на 69-годишна возраст денеска во Охрид.
Според информациите, му се слошило и паднал додека држел предавање.
Поранешниот премиер и прв министер на Шкотска Алекс Салмонд почина на 69-годишна возраст денеска во Охрид.
Според информациите, му се слошило и паднал додека држел предавање.
Наместо исклучување на еден од родителите, концепт на поделено родителство. Се подготвува новиот Граѓански законик со кој треба да се доуреди семејното право каде пет децении нема поголема реформа и да се надминат многу правни недоречености поврзани со старателството по развод.
Многу брзо и едноставно, со само неколку потези, седејќи дома може да купите што ќе посакате. Во денешницата, понудата на интернет е поголема од онаа во трговските маркети. Нарачката веднаш се прави, но што биде испорачано, тоа е друго прашање.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствуваа на заедничка вежба помеѓу Единицата за брзо распоредување на МВР и Баталјонот за специјални сили „Волци“ на армијата.
Владата и сонк постигнаа договор. Октомвриската плата на наставниците и професорите од основното и средното образование ќе биде зголемена за 5 проценти. Веќе во март, ново зголемување за 7 насто.
Стратегија и мерки за развој на земјоделското производство за да ја намалиме зависноста од увозот и да се зголеми интересот на младите, мерки против климатските промени, организиран пласман и достоинствено место на жената земјоделка со платено боледување.
Прво разговор со европските политичари, потоа писмо до нивните институции за да се најде решение за деблокирање на интеграциите. Мицкоски и владина делегација во Берлин ќе опипуваат пулс дали може да се најде разбирање за одложена примена на уставните измени.
Боре Видевски, еден од обвинетите за соучесништво во убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, во понеделникот бил вратен во затворот „Скопје“, по неколкудневната хоспитализација на нефрологија, поради проблеми со бубрезите.
Само неколку дена откако министерот за јавна администрација Минчев побара да не се брза со законското решение за правична застапеност, коалицискиот партнер „Вреди“ откри дека предлогот е речиси финализиран. Министерот Таравари најави дека идната недела дури и ќе се најде на јавна расправа.
Поплави, прекини на струја и недостиг на гас. Жителите на Флорида соочени со безброј предизвици откако ураганот Милтон го погоди Западниот Брег. Властите прават проценки на штетите, додека продолжуваат спасувачките акции.