Без вода денеска од 8:00 часот се корисниците од улиците „Горно Лисиче“, „Горноврановска“, „Лисец“, „Божин Николов – Силни“ и „Хаџи Трајко“ во населбата Лисиче.
Вести
-
Македонија 10.07.2024 09:25
-
Македонија 10.07.2024 09:20
ЦУК: 13 пожари на отворено, еден сè уште активен
Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се 13 пожари на отворено, од кои една третина биле на повик за гаснење депонии, информираат од Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 10.07.2024 09:13
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
-
Свет 10.07.2024 09:12
Војната во Украина и кризата на Блискиот Исток главни теми на Самитот
Американскиот претседател Бајден, домаќин на Самитот на НАТО, објави план за испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана на Украина додека Русија ги интензивира нападите.
-
Свет 10.07.2024 09:03
Русија издаде потерница по Јулија Навални
Московскиот суд издаде налог за апсење на Јулија Навални. Осудена е во отсуство под обвинение за учество во активности на екстремистичка група и додадена на листата лица барани од Русија.
-
Македонија 10.07.2024 08:59
Спасувачка акција на МВР и ЦУК
Спасени три момчиња кои останале заробени на островче откако дошло до зголемување на нивото на реката Треска поради испуст на водата од хидроцентралите Матка и Козјак, како редовен процес за производство на електрична енергија.
-
Свет 10.07.2024 08:53
Пожар во хемиска фабрика во Мелбурн
Голем пожар предизвикан од хемиска експлозија избувна во фабрика во западниот дел на австралискиот град Мелбурн. Токсичен чад се шири над објектот. Повеќе од 30 противпожарни возила се обидуваат да го изгаснат огнот.
-
Македонија 10.07.2024 08:53
Владина делегација учествува на Самитот на НАТО
Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски учествува на Самитот на НАТО што се одржува во Вашингон. Премиерот Мицкоски на неговиот фејсбук-профил објави дека се сретнал со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач на македонската група за пријателство на американскиот конгрес.
-
Свет 10.07.2024 08:41
Продолжува битката против Хезболах и Хамас
Разгорува битката меѓу Израел и Хезболах. Лансирани повеќе од 40 ракети од либанска територија врз Голанската висорамнина. Две лица се повредени-соопштија израелските власти.
-
Македонија 10.07.2024 08:39
Уставен суд денеска ќе одржи седница
Уставниот суд на денешната 21. седница, како што е најавено, треба да расправа по четири иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и еден предлог за решавање на судир на надлежности.
Основниот суд Охрид е подносител на предлогот за решавање на судир на надлежности.










