Вести

  • Македонија 09.07.2024 19:30

    ЕРТ: Можна средба Мицкоски-Мицотакис

    Сепак можна е средба помеѓу македонскиот и грчкиот премиер. Според најавите од кабинетот на Мицотакис, како што објавува грчката национална телевизија ЕРТ, не се исклучува можноста за средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

  • Македонија 09.07.2024 18:41

    Средба Тошковски – Чалкли

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во рамките на посетата на владината делегација на Вашингтон, на Самитот на 75 годишнината од НАТО, се сретна со Мари Чалкли, в.д. заменик помошник секретар за меѓународни работи при Одделот за внатрешна безбедност на САД.

  • Свет 09.07.2024 18:38

    Русија издаде потерница по вдовицата на Навални

    Басманскиот Окружен суд во Москва денеска издаде налог за апсење во отсуство на Јулија Навални, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, поради нејзината наводна вмешаност во екстремистичка заедница.

  • Македонија 09.07.2024 18:28

    Работна средба на раководството на СВР Скопје и општина Центар

    На иницијатива на раководството на СВР Скопје, денеска во општина Центар се одржа работна средба на началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски и градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски.

  • Македонија 09.07.2024 18:00

    Средба Мицкоски – Рикер во Вашингтон

    Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска во Вашингтон имал средба со поранешниот амбасадор на САД Филип Рикер, со кого разговарале за предизвиците со кои се соочува нашата земја и поддршката што ни е потребна за остварување на стратешките интереси.

  • Македонија 09.07.2024 17:44

    Тешко повреден штипјанец по судир меѓу мопед и патничко возило

    Вчера во 10.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница на ул. „Лески“ со ул.

  • Македонија 09.07.2024 17:33

    Директорите на ФЗОРСМ остварија средба со претставници на ССМ и УПОЗ

    Двајцата в.д директори на ФЗОРСМ, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов денеска остварија средба со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ и Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ, како и со Бојан Трипуновски, генерален секретар на УПОЗ, и Зоран Печевски, претседател на синдикатот на ФЗОРСМ.

  • Македонија 09.07.2024 17:15

    „Вабтек“ инвестира во земјава

    Американски „Вабтек“ ги проширува своите капацитети и ќе вложи околу 35 милиони евра за производство на сопирачки за шински возила. Најавува 100 нови работни места.

  • Македонија 09.07.2024 16:19

    19-годишник од Косово уценувал малолетничка

    СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Л.(19) државјанин на Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уцена“ и „злоупотреба на лични податоци“.

  • Свет 09.07.2024 16:09

    Силен земјотрес го погоди Родос

    Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Родос.

    Земјотресот е регистриран во 12.11 часот по локално време на длабочина од 10 километри.

    Засега нема информации за повредени или материјална штета.

    Нема опасност од цунами.

Pages