Вести

  • Македонија 10.07.2024 08:07

    Сончево и многу топло со мала облачност

    Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 9.

    Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

  • Свет 09.07.2024 22:02

    Црногорски министер имал сообраќајка кај Улцињ

    Министерот за човекови и малцински права на Црна Гора, Фатмир Ѓека е полесно повреден во сообраќајна несреќа, која се случила околу 17 часот на патот од Бар кон Улцињ.

    Ѓека е префрлен за помош во Итната помош во Улцињ.

  • Македонија 09.07.2024 21:44

    Гаши се обрати на Парламентарниот самит на ПС на НАТО

    Претседателот на Собранието, Африм Гаши се обрати на Парламентарниот самит на ПС на НАТО во Вашингтон.

  • Свет 09.07.2024 21:06

    Премиерот на Словачка се врати на работа два месеци по обидот за атентат

    Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека се вратил на работа во вторникот, речиси два месеци откако беше ранет од напаѓач.

    Фицо (59) беше застрелан на 15-ти мај во град во централна Словачка и беше подложен на две операции.

  • Македонија 09.07.2024 20:25

    20 тони вода фрлени врз пожарот кај Делогожди

    Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска повторно дејствувал на пожар во шума во атарот на струшкото село Делогожди, информираа од МВР.

  • Свет 09.07.2024 20:09

    Ден на жалост по смртоносниот напад врз Киев

    Во Украина ден на жалост по синоќешните руски ракетирања врз Киев во кои беше погодена детска болница и загинаа над 40 луѓе. Урнатините се расчистуваат, реакциите не стивнуваат. Советот за безбедност на состанок. Кремљ негира вмешаност.

  • Македонија 09.07.2024 19:30

    ЕРТ: Можна средба Мицкоски-Мицотакис

    Сепак можна е средба помеѓу македонскиот и грчкиот премиер. Според најавите од кабинетот на Мицотакис, како што објавува грчката национална телевизија ЕРТ, не се исклучува можноста за средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

  • Македонија 09.07.2024 18:41

    Средба Тошковски – Чалкли

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во рамките на посетата на владината делегација на Вашингтон, на Самитот на 75 годишнината од НАТО, се сретна со Мари Чалкли, в.д. заменик помошник секретар за меѓународни работи при Одделот за внатрешна безбедност на САД.

  • Свет 09.07.2024 18:38

    Русија издаде потерница по вдовицата на Навални

    Басманскиот Окружен суд во Москва денеска издаде налог за апсење во отсуство на Јулија Навални, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, поради нејзината наводна вмешаност во екстремистичка заедница.

  • Македонија 09.07.2024 18:28

    Работна средба на раководството на СВР Скопје и општина Центар

    На иницијатива на раководството на СВР Скопје, денеска во општина Центар се одржа работна средба на началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски и градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски.

Pages