Забрана за пиење на водата во осум охридски села. Има ешерихија коли, нема хлор. Како се откри ваквата аномалија? Дали жители пријавија мачнини или станува збор за причина откриена по редовна анализа?
Соња Рилковска известува.
Забрана за пиење на водата во осум охридски села. Има ешерихија коли, нема хлор. Како се откри ваквата аномалија? Дали жители пријавија мачнини или станува збор за причина откриена по редовна анализа?
Соња Рилковска известува.
Јавната расправа за Националната стратегија за родово насилство заглави поради јазикот на кој беа доставени материјалите. Пратеничката од Европскиот фронт, Илире Даути, рече дека е изложена на психичко насилство, затоа што ги нема на албански.
Во Вашингтон состанок Македонија – САД за стратешкиот дијалог. Македонската делегација ја предводи шефот на дипломатијата Муцунски, придружуван од министрите за внатрешни, одбрана, дигитална трансформација и енергетика.
Полициска акција во повеќе градови против наркоподземјето.
Народната банка организираше работилница за државните институции за практичните аспекти при вршење плаќања во евра во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА).
Астронаутите на „Артемис 2“ се упатија кон Земјата откако извршија историско прелетување на Месечината и беа сведоци на целосно затемнување на сонцето од нивното вселенско летало.
Скрининг програмите за рано откривање на рак во земјава не ја постигнуваат својата основна цел – навремена дијагностика и намалување на смртноста, покажува најновата ревизија на Државниот завод за ревизија.
Шефот на Белата Куќа се закани дека ќе го уништи Иран за една ноќ ако не успее повторно да го отвори Ормускиот теснец. САД имаат план да ги нападнат сите мостови и електрани вечер ако нема договор, рокот за траен крај на војната истекува во 20 часот.
По повод 7 април – Меѓународниот ден на здравјето, ЈЗУ Здравствен дом „Железничар“ во Скопје организира бесплатни, превентивни прегледи со цел навремено откривање и превенција на заболувања.